Три слатки кои се правеа само во Југославија: Додека ги јадевме овие, никогаш не бевме поздрави

Три слатки задоволства по старински рецепти. Постарите генерации не можеа да ја замислат масата без нив.

Три деликатеси кои не враќаат детството.Секоја домаќинка знаела да ги подготви, а децата трчале околу нив. Со причина и денес се популарни, а ние ви пренесуваме старомодни рецепти за нивна подготовка.

КОХ

Состојки:

5 јајца

13 лажици шеќер

10 лажици гриз

1 литар млеко

2 ванилин шеќер

Подготовка:

Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги белките додека смесата не стане густа. Во белките додадете 10 лажици шеќер, па изматете уште малку. Потоа додадете ги жолчката и гризот полека мешајќи со миксер на најмала брзина. Намастете го плехот и посипете со гриз, па истурете ја масата и печете на 200 степени 20 минути. Кохот е испечен кога ќе порумени и ќе почне да се одвојува од работ на тавата.

Додека се пече кохот, зовријте млеко со 3 лажици шеќер и ванилин шеќер. Ако сакате кохот да биде посочен, користете литар и пол млеко и додадете уште 3 лажици шеќер.

Испечениот кох  се прелива со врело млеко (не го преливајте одеднаш). Послужете кога ќе се олади и ќе го впие целото млеко.

ШНЕНОКЛЕ

Состојки:

4 јајца (одвоена жолчка и белка)

100 гр шеќер

околу 2 литри млеко

1,5 лажици брашно (или густин)

1 лажичка екстракт од ванила

2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

Со миксер изматете ги белките додека да се згуснат. Истурете млеко во длабока тава и додадете екстракт од ванила и оставете да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, намалете ја температурата, а потоа со лажица извадете ги изматените белки и внимателно испуштете ги во врелото млеко.

Шненоклите варете ги по 1,5 минути од секоја страна, па извадете ги од млекото и наредете ги во сад.

Крем за шенокле

Изматете ги жолчките и шеќерот, па во смесата додајте го згуснувачот или брашното и 2 лажици од млекото во кое се варени шноклите и сè убаво измешајте. Повторно ставете го да зоврие млекото во кое се варени шноклите и намалете ја температурата. Со постојано мешање лесно додадете ја смесата со жолчките и сè заедно варете додека не се згусне.

Кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од шпоретот и оставете малку да се излади. Кога преливот ќе се излади, прелијте го врз шноклите. Чувајте ја тортата во фрижидер.

СУТЛИЈАШ

 

Состојки:

100 грама ориз

750 мл млеко

4-5 лажици шеќер

Прстофат сол

Подготовка:

Варете го оризот во вода околу три минути, а потоа исцедете го. Во млекото сипете сол и ставете го на оган да зоврие. Додадете го оризот и варете на тивок оган додека оризот не го впие млекото, не мешајте.

Во сварениот ориз додадете шеќер и внимателно измешајте за зрната да останат цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *