Американците го шokирaа Балканот: „Храната е бизарна, cтрaшнo е и колку пyшитe“, а една работа особено ги рaзoчарa!

Американските туристи се шokирани од Хрватска, а своите искуства од летувањето во оваа земја ги објавуваат на мрежите.

Туристите кои доаѓаат од Америка во Европа честопати доживуваат културен шок кога мораат да следат некои правила како што се соблекување чевли додека се во посета или се шокирани кога порцијата храна што ја нарачале ќе пристигне во помал обем отколку што се навикнати на дома.

Американците често на Интернет ги искажуваат своите впечатоци за Балканот, а Хрватска за нив е прилично шокантна земја, барем ако се суди според коментарите што ги оставаат на форумите.

„Храната во Хрватска е вкусна, но можете да најдете јадења кои се многу бизарни. Јадењата направени од стомак на крави и свињи, колбаси од свинска крв не се за секого“, пишува Леон. Исто така, не им се допаѓа навиката на Балканците да имаат цигара во рацете речиси во секое време.

“Ужасно е колку луѓе пушат. Димот може да го почувствувате на секој чекор, а понекогаш да се најде кафуле каде што можете да дишете е невозможна мисија. Видов жени како туркаат бебешки колички со цигари во устата, како и 12-13- годишни деца гасат отпушоци на патот“, изјави вџашениот Џон. Американците во Хрватска се најмногу шокирани од платените јавни тоалети, како и од „бесплатните тоалети каде што вработените продаваат тоалетна хартија“ и „вадат пари од туристите кои се наоѓаат во ситуација каде освен да платат немаат друг избор.

Некои коментираат дека „тоалет мафијата“ не ги изненадува бидејќи не е пријатна работа. Исто така, Американците имаат „трауми“ од жени кои бесрамно одат во машки тоалети, а некои од нив имале и непријатни искуства во куќите на пријателите бидејќи одводот „не работел“. Исто така, им е необично тоа што Хрватите не оставаат големи бакшиши.

„Мојот прв оброк во Загреб беше ќебапи во мал ресторан со пријател од Хрватска. Платив, но не оставив голем бакшиш бидејќи ме предупредија дека во Европа не се остава голем бакшиш како во Америка. Мојот пријател го виде бакшижот кој  јас го оставив на масата, го грабна и ми го ставив во џеб велејќи дека тоа се навистина премногу пари“, вели Американецот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *