Гинисовата рекордерка која ја нарекуваат Палчица е висока само 62,8 см, потекнува од Индија, се вика Јоти Амге и има 28 години. Оваа весела девојка која вели дека „насмевката и е омилена вежба“ држи дури два Гинисова рекорда за нејзината единствена висина.
Најмалата жена на светот е родена на 16 декември 1993 година, а најниската тинејџерка станала во 2009 година кога имала 15 години. Во тоа време нејзината висина беше 61,95 сантиметри. Според нејзината мајка, Јоти била со нормална големина при раѓање и во раното детство, но нарушувањето се случило многу рано и таа престанала да расте на петгодишна возраст.
„Лекарите веруваат дека причината поради која престанав да растам е недостатокот на хормон за раст“, рече таа еднаш.
Како тинејџерка, Јоти први ја забележале претставниците на Гинисовата книга на рекорди кои и ја дале титулата за најмала жена на светот, а потоа и продуцентите на разни емисии и серии. Така почна да се појавува во разни програми и емисии, а како најмалата жена на светот стекна цела армија обожаватели. Јоти вели дека е задоволна од ова внимание и поддршка од фановите. Колку далеку отиде сето тоа сведочи и фактот што во родното место ја сметаат за божество.
“Јоти не верува дека е божица. Таа сака да биде актерка и така се однесува”, објаснила нејзината мајка.
Нејзината желба да глуми се оствари, па во 2014 година глумеше во филмот „American Horror Story: Freak Show“.
Што вели медицината?
Заостанувањето во раст може да се појави на која било возраст, но причините се различни. Кај доенчињата и помалите деца, најчеста причина е несоодветната исхрана. Дефицитот на хормонот за раст (HHR) се јавува кога деловите од мозокот одговорни за стимулирање и лачење на хормонот за раст не работат правилно или може да се оштетат. Во други случаи, NHR предизвикува хормонска нерамнотежа, односно не се ослободува на доволно високи нивоа за да го стимулира нормалниот раст.
Првиот знак е очигледно заостанување во висина. Новороденчињата може да имаат хипогликемија, продолжена жолтица, а една од причините е проблематичното породување. Овие деца имаат особено мали раце и стопала, а вишок маснотии на градите и стомакот. Хормонот за раст е исто така клучен за густината на коските и здравјето на мускулите.
Патолошки причини за низок раст вклучуваат хронични воспалителни болести на цревата, целијакична болест (преосетливост на глутен), недостаток на тироидни хормони, разни хромозомски нарушувања (на пример, Тарнеров или Даунов синдром) и други хронични заболувања.