Кралицата Елизабета е перципирана во позитивно светло, таа е личност која се занимавала со политика и пред се со општествени настани, а можеби сите овие луѓе овде што и оддаваат почит потсвесно изразуваат некаков страв затоа што не треба да заборавиме дека Велика Британија во последните 15 години доживеа големи промени, објаснува психологот Горан Дивковиќ.
Со денови, илјадници и илјадници Британци стојат во редица повеќе од 12 часа пред Вестминстерската опатија за да и оддадат почит на кралицата Елизабета. Психологот Горан Дивковиќ, со кој разговаравме во Лондон, каде што живее веќе три децении, се обиде да открие зошто толку многу го ценат кралското семејство во Велика Британија и зошто се „луди“ по кралицата.
– Тоа е малку тешко прашање за одговор. Треба да тргнеме од фактот дека кралицата Елизабета беше на тронот 70 години и дека потекнува од друга ера, кога кралското семејство беше еден вид средновековен феномен.
Низ сите овие децении успеа да ги издржи овие општествени промени и проблеми во семејството и успеа да остане имуна на различни аспекти кои произлегоа од сите тие проблеми и го сочуваше своето достоинство, остана неутрална во политичка смисла, беше посветена на армијата, а ја покажа и својата чувствителност за обичните луѓе, особено за време на економската криза кога ги посетуваше обичните луѓе. Не смееме да заборавиме дека таа е и верски водач, бидејќи монархот во Велика Британија е и поглавар на Англиканската црква. – вели Дивковиќ.
Се прашувавме дали Британците се збогуваат со кралицата затоа што мислат дека со нејзината смрт дојде крајот на една ера?
– Кралицата Елизабета е перципирана во позитивно светло, таа е личност која се занимава со политика и пред се со општествени настани, а можеби сите овие луѓе овде кои и оддаваат почит потсвесно изразуваат некаков страв бидејќи не треба да заборавиме дека во Велика Британија во последните 15 години видовме големи промени, се наоѓаме во најголемата криза што ја погоди земјата.
Второ, овде е референдумот и денеска постои можност за пет до десет години Велика Британија да не биде Обединетото Кралство – вели психологот Горан.
Дали смртта на кралицата ќе доведе до излез од монархијата? – Кралското семејство има голема репутација во Шкотска. Во Северна Ирска е нешто поинаку поради верскиот конфликт. А кралското семејство е всушност врската на сите тие региони. Не треба да го заборавиме Брегзит и можеби ова е израз на потсвесен страв а не само израз на љубов кон кралицата, тие се плашат од промени и се прашуваат што ќе се случи утре. – објаснува Дивковиќ и се присетува на атмосферата во Лондон пред 25 години, кога почина принцезата Дијана.
– Бев изненаден од почитта на луѓето кон Дијана по нејзината смрт. Се сеќавам на тој викенд кога улиците беа пусти вечерта по нејзината трагична смрт. Што е чудно, со оглед на тоа што Дијана беше разведена од принцот Чарлс и немаше право на кралски почести, а знамето на кралското семејство тогаш не беше на половина копје, а тоа предизвика гнев кај граѓаните против кралското семејство. .
Сега, 25 години подоцна, морам да кажам дека не очекував ваков одраз на почит кон кралицата и кралското семејство и принцот Чарлс кој ужива голема репутација.
Видеото во кое психологот Дивковиќ објаснува зошто Британците „лудуваат“ по кралицата може да го погледнете ТУКА.