Принцот Вилијам речиси 30 години го носи истиот часовник, зад ова се крие сентиментална приказна

Кралското семејство поседува некои од најскапите и најгламурозните парчиња накит, вклучувајќи ги и часовниците. Но, принцот Вилијам е верен само на еден часовник што го носи долги години. Зад ова се крие сентиментална приказна.

Иако принцот Вилијам, чие лично богатство се проценува на 30 милиони фунти и сигурно може да си го дозволи парчето накит што го сака, тој остана верен на само еден часовник, без кој ретко сме го забележале во последните речиси 30 години.

Станува збор за модел на Omega Seamaster Professional кој на идниот престолонаследник му го подарила неговата мајка, принцезата Дијана, пред таа да умре во трагична несреќа во 1997 година.

Дијана на својот син му подарила часовник кога тој бил уште многу мал. Кога Дијана починала, Вилијам имал само 15 години и оттогаш го носи часовникот како спомен на својата мајка.

Quartz 300M е изработен од нерѓосувачки челик, има син бројчаник, покриен со сафирно стакло и е отпорен на гребење. Слични верзии на овој бренд се исклучително популарни на денешниот пазар.

Истиот модел го носеше и актерот Пирс Броснан, олицетворувајќи го легендарниот Џејмс Бонд, а се верува дека неговата цена е околу 3.000 фунти.

Вилијам ретко се појавува во јавноста без овој посебен детаљ, а подарокот на мајка си го носеше на денот на венчавката со Кејт Мидлтон, за време на неговите кралски турнеи, како и на сите други важни настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *