Момче ја потсети светската јавност на принцот Вилијам, односно на најтажниот ден во животот на најстариот син на Дијана и Чарлс Трети.
Тоа е Џејмс Виконт Северн (14), кој синоќа присуствуваше на бдеењето во Вестминстерската опатија заедно со уште седум внуци на кралицата Елизабета Втора. Ова момче е син на грофицата и грофот од Весекс, а со него на тажната церемонија беше и неговата сестра Лејди Луиз Виндзор како и братучедите, принцот Вилијам, принцот Хари, принцезата Беатрис и Евгенија, Зара Тиндал и Питер Филипс.
Џејмс се најде во центарот на светската јавност со својот став и достоинствено извршување на обврските. Самиот знае колку му било тешко да ги усогласи емоциите со протоколот.
Принцот Вилијам се соочи со толку тешка задача како 15-годишно момче кога присуствуваше на погребот на својата мајка, принцезата Дијана, заедно со неговиот татко и брат во 1997 година во Лондон.
– Младиот Џејмс Виконт Северн многу личи на Вилијам, кога принцот беше на слична возраст и мораше јавно да помине низ толку многу болки, толку храбар млад човек.
На Твитер можеа да се прочитат повеќе коментари, а меѓу нив се вели и следново:
– Џејмс Виконт Северн овде личи на млад принц Вилијам. Тој потсетува на него, на погребот на Дијана, кога одеше зад ковчегот.
– Џејмс Виконт Северн многу личи на Вилијам, Едвард, Фил, Хари, дури и на кралицата. Моите очи цело време беа вперени во него.. На 14 да го правам тоа така цврство и стоечки.
Храбро издржа и Вилијам, кој подоцна изјави дека погребот на мајка му бил најтешкиот ден во неговиот живот. Вистина е дека и тој и Џејмс сè поднеле стоечки, но не можеле да ја сокријат тагата.