Ердоган шета во Централ Парк, еве како турскиот претседател го користи слободното време во Њујорк (фото)

Турскиот претседател, кој престојува во Соединетите Американски Држави за да присуствува на 77. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), слободното време го искористи да се прошета во еден од најпознатите паркови во светот.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во саботата прошета низ познатиот Централ парк во Њујорк, каде разговараше со многу минувачи, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган, кој се наоѓа во Соединетите Американски Држави (САД) каде ќе присуствува на 77. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), слободното време го искористи да се прошета во еден од најпознатите паркови во светот.

Ердоган беше придружуван од турскиот амбасадор во Вашингтон Хасан Мурат Мерџан и постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации, амбасадорот Феридун Синирлиоглу.

Ердоган времето го помина во паркот разговарајќи со бројни минувачи, од кои еден му се заблагодари што посредувал во решавањето на украинската криза.

Многумина од нив ја искористија можноста да се сликаат со турскиот лидер.

Турскиот претседател денеска ќе прими претставници на турските невладини организации кои работат во САД и ќе присуствува на вечера организирана од Турско-американскиот национален управен комитет.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *