„Мислам дека ќе одам да работам на едно од тие места. Доста ми е од тебе, напишал, за што шефот му рекол дека ќе зажали.“
Келнер од Велика Британија ги воодушеви луѓето ширум светот со начинот на кој дал отказ бидејќи неговиот шеф му рекол дека мора да дојде на работа на слободен ден, а за тоа го информирал во 3 часот наутро истиот ден.
Покрај тоа што ја напуштил работата, келнерот објавувал и пораки кои брзо станале вирални. „Денес да дојдеш на смена од 11 до 22 часот, имаме настан и ми треба келнер“, му напишал шефот во три часот по полноќ.
Работникот учтиво го потсетил дека му е слободен ден и дека не може да работи. Тонот на пораките на неговиот шеф значително се променил и му порачал дека мора да биде „тимски играч“. „Не можете само на себе да мислите “, му напишал газдата, пренесува TodayUKNews.
Келнерот на тоа му одговорил: „Зошто ми пишувате сега, во 3 часот по полноќ, да работам денес во 11 часот, испив неколку пијачки и мамурен сум за да дојдам на работа. Да работам толку долго на мојот слободен ден.
Шефот грубо му одговорил со зборовите: „не е добро да се опиваш.“
„Ти му кажуваш на келнерот да не пие во слободно време? Сакаш да им кажеш и на готвачите да не јадат кога не работат?“, го праша келнерот во порака со насмеано емоџи. Исто така му напишал и дека би дошол на работа доколку некој би му кажал во вистинско време, односно навремено го информирал.
Очигледно , тоа не му се допаднало на неговиот шеф бидејќи му напишал дека ќе мора „да зборуваат за неговото однесување“.
На келнерот тоа оправдано не му се допаднало и дал отказ.
„Секаде се бараат келнери. Мислам дека ќе одам да работам на едно од тие места. Доста ми е од тебе“, напишал тој, на што шефот му одговорил дека „ќе зажали“.
Келнерот само му одговорил: „Лижeтe ми го гaзoт***.“ Келнерот ги споделил пораките на Редит, по што тие станале вирални и многу брзо се прошириле низ интернетот.
„Тој те праша, а ти му рече „не“. Нема право да ти кажува како треба да се однесуваш кога не си на работа“, му напиша едно лице.
„Ако сакаат луѓето секогаш да бидат подготвени за работа, треба да платат за тоа“, додаде друг.