Претставена е автомобилската батерија која се полни за само три минути и трае 20 години: “Тоа е вистинско чудо”

“Автомобилите мора да се полнат во времето што ви е потребно сега да се наполните гориво на бензинската пумпа”, велат од Adden Energy.

Еден стартап разви батерија во цврста состојба погодна за електрични автомобили која може целосно да се наполни за само неколку минути и трае повеќе од двапати подолго од сегашните батерии за електрични возила, пишува Independent.

 

По успешното демонстрирање на прототип што може да се полни за само три минути повеќе од 10.000 циклуси во текот на неговиот животен век, Adden Energy , дел од Универзитетот Харвард, доби 5,15 милиони долари средства за понатамошен развој на технологијата, со цел да ја комерцијализира во блиска иднина.

Брзиот развој на технологијата за складирање чиста енергија е од клучно значење за борбата против климатските промени, се вели во предлогот на стартапот.

Со цел да се забрза усвојувањето на оваа технологија, извршниот директор на Adden Energy, Вилијам Фитжуг , се надева дека ќе ги привлече 37 проценти од Американците кои немаат свои гаражи и затоа не можат да полнат електрични возила преку ноќ дома.

“Целосната електрификација на возниот парк е еден од најзначајните чекори што можеме да ги преземеме во борбата против климатските промени”, рече Фитжуг.

“Сепак, широката примена на електрични возила бара батерии кои можат да ги задоволат различните потреби на потрошувачите. Автомобилите мора да се полнат исто толку брзо како возилата со внатрешно согорување, односно во времето кое моментално ви е потребно за да наполните гориво на бензинска пумпа”.

Проценките покажуваат дека само електрификацијата на светскиот возен парк може да ги намали глобалните емисии на стакленички гасови за 16 проценти, при што оваа “нова парадигма на батерии” се смета за клучна за постигнување на оваа цел.

 

“Електричните возила не можат да останат луксузни производи и мора да бидат значително повеќе од сегашниот еден процент од вкупниот број автомобили на патиштата, ако сакаме да напредуваме кон иднината на чиста енергија. Исто така, САД нема да имаат пазар на користени автомобили ако батериите за електрични возила траат само 3 до 5 години”, рече Ксин Ли , вонреден професор по наука за материјали на Харвард и научен советник на Адден Енерџи.

“Технологијата мора да биде достапна за секого. Не гледаме основни ограничувања за подобрување на технологијата на батерии. Ова може да промени цела индустрија”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *