Гаутам Адани е втор најбогат човек во светот.
Џеф Безос штотуку го загуби статусот на втор најбогат човек во светот, падна на третото место, додека индискиот бизнис магнат Гаутам Адани забрзано се искачува на индексот на милијардери на Блумберг.
Илон Маск и натаму на првото место на најбогати луѓе со 260 милијарди долари. На Адани му требаа помалку од 10 месеци за да стигне до 2-то место откако годината ја започна на 14-то место.
Ова е прв пат Азиец да се рангира толку високо на листата на Блумберг, на која долго време доминираат бе ли технолошки претприемачи. Богатството на Адани од 146,9 милијарди долари, кое главно е поврзано со акциите на неговиот голем конгломерат Адани Груп, сè уште е далеку зад 260 милијарди долари на Маск. Групата работи низа бизниси, вклучувајќи пристаништа и јаглен, кои напредуваа во последниве години.
Се откажал од колеџот за да тргува со дијаманти
Адани (60) го напуштил колеџот за да си ја проба среќата во индустријата за дијаманти во Мумбаи во раните 1980-ти, пред да се сврти кон јаглен и пристаништата. Неговиот конгломерат оттогаш се прошири на сè, од аеродроми до центри за податоци, цемент, медиуми и зелена енергија, фокусирајќи се на области кои премиерот Нарендра Моди ги смета за клучни за постигнување на долгорочните економски цели на Индија.
Најголемите пристанишни и аеродромски оператори од приватен сектор во земјата, градски дистрибутер на гас и рудници за јаглен се дел од империјата Адани, која исто така има за цел да стане најголемиот светски производител на обновлива енергија.
Минатата година вети дека ќе инвестира 70 милијарди долари во зелена енергија, потег кој некои го критикуваа како “зелено перење” со оглед на тоа што голем дел од приходите на групата сè уште доаѓаат од фосилни горива.
Обид за кид напирање
Адани двапати бил во ситуација кога му била зaгрoзенa безбедноста, преживеал kид нaпирањe во 1997 година и нaпaд во 2008 година. Во 1997 година, тој беше држен под закана со oру жјe за откуп од 1,5 милиони долари пред да биде ослободен, според индиското издание Тајмс сега.
Милијардерот остана главно воздржан кога го прашаа за тоа, но за “Фајненшл тајмс” во 2013 година изјави дека кид нaпирaњетo е еден од “двата или трите многу несреќни инциденти” во неговиот живот. Подоцна, Адани вечерал во ресторан во хотелот Таџ Махал Палас кога тие влегоа во ресторанот како дел од серија на пади во Мумбаи во 2008 година. Тој избега дури кога вoјницитe влегоа во зградата.
Волонтерска работа
Гаутам Адани е претседател на Фондацијата Адани. Фондацијата работи не само во Гуџарат, туку и во државите Махараштра, Раџастан, Химачал Прадеш, Мадја Прадеш, Чатисгар и Одиша.
Во март 2020 година, тој донираше околу 100 милиони американски долари на Фондот за грижа на премиерот преку филантропскиот огранок на неговата група против ковид-19. Неговата сопруга Прити Адани претседава со семејната добротворна фондација Адани, која се фокусира на развој на здравствени и образовни системи во рурална Индија.