Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам му оддаде почит на ковчегот на кралицата Елизабета во Вестминстерската сала откако чекаше во ред неколку часа.
Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид изјави за Sky News дека им се придружил на десетици илјади луѓе во редот кон Вестминстерската сала за да и оддадат почит на „посебната“ британска кралица. Солза пушти и емотивниот Бекам.
Упокојувањето на Елизабета II. предизвика силни изливи на емоции низ целата нација, при што луѓето чекаа со часови, многумина во текот на ноќта, за да оддадат почит на упокоениот монарх, кој почина минатата недела.
Бекам (47) беше забележан со темно рамно капаче и костум и вратоврска додека чекаше во ред за да му оддаде почит.
„Овој ден секогаш ќе биде тежок ден“, изјави Бекам за Sky News пред неговиот ред. „Нашите мисли се со семејството – многу е посебно да се слушаат сите приказни од луѓето овде“, додаде тој.
“If my grandparents were alive they would have been here.”
— Georgie Prodromou (@GeorgieProRadio) September 16, 2022
David Beckham waits 12 hours in the queue to view the Queen’s coffin: pic.twitter.com/2VUXDtUtBj
„Најпосебен момент за мене беше добивањето на мојот ОБЕ (Орден на Британската империја од кралицата кој го доби во 2003 година). Ги зедов моите баба и дедо кои беа големи ројалисти. Имав среќа во мојот живот да имам неколку пати така блиски средби со нејзиното височество. Ова е тажен ден, но ден за паметење“, истакна тој.
Бекам рече дека се наредил во раните утрински часови за да ја избегне гужвата, но погрешил.
„Мислев дека ќе биде малку потивко во 2 часот по полноќ – згрешив“, изјави тој за ITV News.
David Beckham joined the queue to see the Queen's coffin at 0145 am Friday morning. If he looks like a man who has been up all night – he has. Full credit to this man who could have played the VIP card. He is a credit to our nation, and his Queen. pic.twitter.com/Gc8VQSETGn
— Tony Parsons (@TonyParsonsUK) September 16, 2022
Поранешниот фудбалер изјави дека секое пеење на националната химна на натпреварите во Англија било посебно.
„Секогаш кога стоевме таму облечени во дресот „Три лава“, а јас ја имав мојата (капитенска) лента и пеевме God Save Our Queen, тоа беше нешто што ни значеше толку многу“, изјави Бекам за ITV.
Кралицата ќе биде пог ребана во Виндзор во понеделник. На збогувањето се очекуваат повеќе од 2.000 гости.
Принцот Хари ќе носи воена униформа додека учествува на специјалното бдение за кралицата Елизабета Втора, пренесува Page Six.
Изворот рече дека Хари, кому претходно му беше кажано дека не може да носи воена униформа, не побарал промена.
- Беше подготвен да облече што и да планирала баба му. Тој е фокусиран да ја почести и тоа е тоа. Ако го сакаат во униформа, нема причина да не го почитува тоа, објаснува тој.
Извор за Daily Mirror изјавил дека целата ситуација е всушност доста смешна.
- Војводата од Сасекс и служеше на својата земја и е многу почитуван припадник на вооружените сили, со оглед на се што направи за ветераните. Важно е сите внуци на кралицата да се чувствуваат удобно и добредојдени додека заедно тагуваат за својата сакана баба, вели тој.
Осумте внуци на кралицата, вклучително и принцовите Вилијам и Хари, се очекува да застанат пред ковчегот на нивната баба на 15-минутно бдение во сабота навечер.
Како што објави Page Six, Хари, кој служел на линијата на фронтот во Авганистан, бил „тажен“ од одлуката.
- Принцот Хари, војводата од Сасекс, ќе носи утрински костум за време на настанот во чест на неговата баба, откри портпаролот на Сасекс во изјава за Page Six.
– Неговата деценија воена служба не е одредена од униформата што ја носи и со почит бараме фокусот да остане на животот и наследството на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, заклучува тој.