Камерите на словенечката метеоролошка служба снимиле дека на планинскиот врв Кредарица, на северозападот на Словенија, паднало големо количество снег.
Како што може да се види на видеото на meteo.si , температурата се спуштила до -4 степени, поради што снегот останал на земја.
Кредарица се наоѓа на 2.541 метар надморска височина.
Освен на Кредарица снег паднал и на Крвавец кој е познат ски центар ви близината на Љубљана.
Потсетуваме, изминатите денови во регионот беше забележано нестабилно време, со големи количини на врнежи, што доведе до нагло опаѓање на температурите на воздухот.
❄️ Kredarico in Kanin je že pobelil sneg. pic.twitter.com/KCYS8fZIzy
— ARSO vreme (@meteoSI) September 17, 2022
Над нашиот регион се мешаат студен воздух од север и топол влажен воздух од Средоземното Море, што придонесува за создавање нестабилност и обилни врнежи.
❄️ Na Kredarici so ob 8. uri namerili že 10 cm snega.
— ARSO vreme (@meteoSI) September 17, 2022
❄️ Sneži tudi na Krvavcu. pic.twitter.com/D6MgCMEE6U
Најмалку седум лица се упокоени, а десетици возила се однесени од поројните дождови по катастрофалните поплави што го погодија италијанскиот регион Марке, објавија италијанските медиуми.
Уште три лица се водат како исчезнати по обилните дождови и поплавите што го погодија овој дел од земјата.
Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна “водена топка”, а околу 400 мм дожд паднале во рок од два до три часа, што донело големи проблеми на улиците во неколку градови, пренесува Ројтерс.
Дете е меѓу исчезнатите во градот Барбара, пренесува La Stampa. Момчето било со мајка си во автомобил кој се заглавил во водата. Според медиумите, мајката успеала да излезе од возилото со детето во раце, но во еден момент го изгубила. Спасувачите успеале да стигнат до неа и да ја спасат во текот на ноќта, но од детето немало трага.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат луѓе до половината во вода, додека возилата беа поплавени околу нив.
На снимката објавена од пожарникарите се гледа како спасувачите на улиците се обидуваат да спасат луѓе и да ги евакуираат, додека други се обидуваат да го исчистат хаосот предизвикан од поплавите.
Спасувачките служби сè уште трагаат по преживеани , соопштија властите.
Поплавите што го погодија регионот Марке се дел од бранот бури што ја погоди земјата, објави Анса.
И други делови од Италија се соочуваат со бури, како Тоскана, Ломбардија и други.
Циклонот западно од Исланд и големиот циклон над Балтичкото Море, а меѓу нив и високиот притисок на антициклонот над Западна Европа, предизвикуваат зголемен проток на север на висока надморска височина кон Алпите и развој на циклон над Заливот Џенова, пишува N1 телевизија.
Над нашиот регион се мешаат студен воздух од север и топол влажен воздух од Средоземното Море, што придонесува за создавање нестабилност и обилни врнежи. Нестабилниот влажен воздух полека се движи кон исток и кон Црното Море.
Студениот воздух продира над Панонската низина и се излева над Велебит предизвикувајќи силна, на места бурна бура.
Во саботата обилен дожд наврна на подрачјето на Карловац и го поплави теренот на фудбалскиот клуб Врловка од Камање.
Секретарот на клубот Давид Горуп потврди дека теренот и официјалните простории на клубот се целосно поплавени.
Штетите на службените простории, продавницата за опрема и соблекувалните ќе бидат целосни, соопшти Горуп.
Според Горуп, водата дошла речиси до висината на прозорците на клупските соби до теренот.
Таквата метео ситуација се приближува кон Македонија. Во делови на Македонија веќе врне дожд а во наредните неколку дена се очекува драстичен пад на температурата, од сегашните 30-на степени на просечни 15 до 16 степени дневна температура.