Рускиот режимски медиум РИА Новости објави текст во кој ги пренесува предвидувањата на српскиот претседател Александар Вучиќ за претстојната зима.
Тие наведуваат дека Вучиќ во дебатата на Националното собрание за преговорите на Белград со Приштина рекол дека Србија, како и цела Европа, ја чека најтешката зима од Втората светска војна.
Како што рече Вучиќ на крајот на август, единствениот снабдувач со гас што ќе ги пополни резервите е Русија. Според него, доколку Србија не почнеше да создава резерви во мај, тогаш по цени од 4.000 евра за илјада кубни метри, земјата ќе беше банкрот. Во обраќањето до нацијата, српскиот лидер рече дека според тригодишниот договор со Гаспром, Белгра добива околу 63 отсто од потребното сино гориво – две милијарди кубни метри годишно, за што плаќа 800 милиони евра.
<p>Во емисијата Во Центар, првиот човек на македонската РЕК, Марко Бислимовски, правеше анализа дека во моментот дената на синото гориво е околу 2.000 долари, а во Сибир цената на “производство” чини околу 15 долари.
Од друга страна електричната енергија на берзата во Будимпешта веќе се продава по цена од 600 долари, со можност до зимата да ја стигне и магичната граница од 1000 долари.
Вучиќ веќе имаше драматични изјави за зимата која е зад аголот, па минатата недела изјави: “Оваа зима ќе биде многу студена за сите нас, а следната ќе биде поларна за цела Европа. Ми се чини дека никој не сака решение”. Да потсетиме, Вучиќ во неколку наврати изјави дека нема да и сврти грб на Русија.
“Можете да замислите како ќе биде во Србија”
Инаку, Народното собрание го прифати извештајот за преговарачкиот процес што Александар Вучиќ го презентираше во вторник на посебна седница која траеше 14 часа.
Вучиќ во завршниот говор изјави и дека работите “драматично се комплицираат” и дека европската економија ќе падне, “па можете да замислите како ќе биде во Србија”, пренесува N1.
Недостигот од основни производи е честа појава во Србија во последните неколку месеци. Но, состојбата се влошува со буквално грабање од продавниците, како што се случи деновиве во Нови Пазар.
Како што можете да видите на видеото, граѓаните се грабаат по шеќер. Според пишувањата на социјалните мрежи, хаосот е снимен во Нови Пазар, пишува Нова.рс.
“Дај ми едно пакување. Дај ми едно пакување”, се слуша една жена на видеото.
За потсетување, недостигот на шеќер на полиците во продавниците низ Србија трае веќе со недели.
Во многу продавници се упатуваат барања граѓаните при едно купување да купат не повеќе од пет килограми шеќер.