Боба Живојиновиќ многу полесно ги помина сите падови во животот, бидејќи покрај себе има, како што истакнува, одлична сопруга.
Нашиот познат тенисер Слободан Боба Живојиновиќ со децении е во среќен брак со една од најголемите балкански ѕвезди. Инсистира дека омилена титула му е “сопругот на Лепа Брена”.
Нивната љубов успеа да надмине многу неволји, а Боба неодамна откри една не баш пријатна ситуација, за која јавноста воопшто не знаеше.
Имено, станува збор за моментот на основање на “Гранд продукција”. Тој ја вложил целата своја заштеда во тој деловен потфат, а потоа по неколку месеци се случил огромен пожар.
- Ја основав “Гранд” продукција за две недели, но тогаш веќе имав база, со заработените пари. По неколку месеци ни изгоре студиото, сè што инвестиравме преку ноќ исчезна. И тогаш дојде кај мене Саша Поповиќ и ме праша што да правиме сега, а јас му реков дека ќе го направиме уште подобро и поголемо, што и се случи. Морам да му одадам заслуга. Направи голема работа во медиумите Саша – изјави Боба Живојиновиќ.
Додавајќи дека, со придружник како Лепа Брена, многу полесно ги надминува сите тешкотии. И често знае да се пошегува со нивниот брак во која имаат два сина – Виктор и Стефан.
- Цел живот сум сопруг на Лепа Брена. Уште кога бев мал, мајка ми ја играше Лепа Брена и јас така заспивав – низ насмевка изјави прославениот спортист.
Круна на љубовта на Боба и Брена се нивните два сина – Виктор и Стефан, кои се покажаа како добри и многу згодни момци.
Според Боба Живојиновиќ, ова е рецептот за среќен и долг заеднички живот: -Жената е глава на куќата и Брена го знае тоа. Уживаме, се сакаме и почитуваме. Бидејќи сето ова се случи со короната, буквално поминуваме 24 часа заедно. Нашата врска тана уште посилна. Во бракот мора да има почит и компромис – заклучи Живојиновиќ испраќајќи јасна порака до сите мажи. Интересни моменти од бракот на Живојиновиќ: