ТОА НЕ Е САМО БИТКА НА ДВЕ ВАЛУТИ, ТУКУ НА ДВА КОНТИНЕНТИ: Падот на еврото, доларот повторно ја доби битката! Ова е денешниот просечен курс во Македонија

На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути силно порасна по вчерашните податоци за инфлацијата во САД, бидејќи ФЕД може да ги зголеми каматните стапки повеќе од очекуваното и да ги задржи на тие нивоа подолго од проценетото.

Еврото во последно време е значително послабо, а често се поставува прашањето дали ЕУ си поигрува со својата валута и дали има начин да ја одбрани.     “Пазарот на пари сега очекува дека каматните стапки на ФЕД би можеле да достигнат 4,25 отсто до крајот на оваа година. Тоа би значело дека во текот на следните три недели централната банка би можела да ги зголеми каматните стапки за 0,75, потоа повторно за 0,75, а потоа за 0,25 процентни поени”, проценува Јуџин Леов, стратег во Deutsche Bank, пишува See Biz.     Истакнатиот српски економист и консултант Махмут Бушатлија за “Блиц бизнис” вели дека Америка со години живее на доларот, кој е претворен во стока, а не во пари. Ова зајакнување на доларот е последица на тековното цивилизациско пресметување, а Европа се однесува апсолутно неорганизирано кон својата валута во овие случувања.  

Да повториме, не е важно во која валута ќе позајми компанијата, туку за што ќе се користи заемот. Зголемувањето на каматните стапки доведува до зголемување на цената на парите со цел порационално да се трошат, бидејќи кога се евтини се трошеле нерационално во некои српски услови, вели тој.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 109,75 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,20 поени.

   

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 142,65 на 144,55 јени, блиску до највисокото ниво во последните 24 години.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9980 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0128 долари.

   

На 12 јули оваа година, прв пат по 2002 година, на менувачките пазари еврото и доларот беа изедначени. Вообичаено владите си играат со вредноста на домашната валута, па преку девалвација или фиксирање на курсот го стимуллираат увозот и извозот во една држава.

Кога е слаб долар тогаш американските стоки се продаваат поефтино во странство, што ќе рече се зголемува извозот. А во исто време стоките од странство се поскапи на американскиот пазар, што ќе рече дека се намалува увозот. Така се пеглаат суфицитот или дефицитот во надворешно трговската размена со светот.

  На македонскиот менувачки пазар денес имаме многу интересна ситуација. Едно евро се откупуваше за 61,3 денари, а се продаваше за 61,8 денари.

Од друга страна, еден долар се откупуваше за 59,3 денари, а се продаваше за 63,8 денари.

Значи доларот се откупува за еден денар поефтино од врото, но се продава за два денари поскапо од европската валута, што создава простор во тие курсни разлики и банките и менувачниците да прават огромен профит

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *