Деми Мур (59) вели дека не старее. А дека тоа е далеку од вистината сведочат и најновите фотографии на актерката во бикини
Деми Мур (59) на фотографиите за социјалните мрежи не изгледа исто како Деми Мур на папарацо фотографиите. Иако изгледа фантастично за своите години, актерката сепак има вишок кожа, целулит и некои чудни набори на стомакот и колковите.
Деновиве актерката е на јахта каде секој момент го поминува опуштајќи се на сонце. Деми овој пат облече розе бикини кое ја откри нејзината фантастична линија на прагот од шеесеттите години.
Сепак, фотографиите од папарацо го овековечија целулитот, опуштената кожа и наборите на колковите и стомакот на атрактивната актерка:
Истите фотографии, но во “режија” на Деми Мур изгледаат вака:
Деми е некоја која со години важи за актерка која “не старее”, иако има шпекулации дека “стратешки”, “тук-таму” прави некоја естетска корекција поради која нејзиното тело изгледа неверојатно младешко.
Актерката во неколку наврати изјави дека одвреме-навреме се откажува од јаглехидратите за да постигне витка линија.
Во деновите кога не внимава толку на исхраната, тој следи едно правило: “Нема гладување, се се сведува на слушање на вашето тело. Јадам кога сум гладна, веднаш престанувам кога ќе почувствувам ситост”.
Кога станува збор за исхраната, Деми Мур ги следи и овие правила:
1. Ограничете го внесот на слатки и брза храна
2. Намалете го кофеинот на минимум
3. Пред секој оброк испијте полна чаша млака вода
4. Јаде овошје, зеленчук и јаткасти плодови
5. Намалете го алкохолот на минимум
6. Јадете мали порции месо и јаглехидрати
7. Избегнува лоши масти