Се поблиску сме до официјалното објавување на новата кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година.
Остануваат уште 72 дена до почетокот на историскиот Мундијал во фудбал. Ќе се одржи во Катар за прв пат по 92 години од основањето на Светското првенство, а ќе се игра во текот на зимските месеци ноември и декември.
Но, новата понуда за организација на едно од идните Светски првенства може да значи дека ФИФА ќе мора повторно да го префрли Светското првенство во зимските месеци, бидејќи Саудиска Арабија е заинтересирана да биде домаќин!
Како што дознава британски „Тајмс“, Саудиска Арабија е подготвена да аплицира за организација на СП во 2030 година во заедничка апликација со Египет и Грција! Ваквиот турнир уште еднаш би го преселил најважниот фудбалски турнир кон крајот на годината, поради високите температури во споменатите земји во текот на летните месеци.
„Тајмс“ наведува дека официјалната кандидатура се очекува во наредните недели, а предводник во оваа кандидатура би била Саудиска Арабија. Тие би придонеле и за инфраструктурните трошоци што би требало да ги платат Грција и Египет, а оваа кандидатура би можела да има посебен „џокер во ракавот“.
Александар Чеферин неодамна изјави дека УЕФА ќе направи се за да го врати Светското првенство во Европа и Шпанија и Португалија заедно да ја освојат организацијата. Но, се уште има силни кандидати, како јужноамериканските, каде Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај сакаат да го вратат Мундијалот на тој континент на 100-годишнината од првиот турнир во Монтевидео.
Се споменуваше дека и Мароко може да се обиде сам да ја добие организацијата, но оваа кандидатура предводена од Саудиска Арабија има предност бидејќи ќе биде заедничка апликација на три земји од три различни континенти. Така, тие би можеле да добијат поддршка од фудбалските сојузи од Азија и Африка, како и потенцијално некои европски земји.
На овој начин Саудиска Арабија би продолжила да „купува“ големи спортски настани и да ги носи во својата земја, а особено би сакале да го организираат Светското првенство откако ривалот Катар веќе успеа да се избори за тоа. Останува да видиме дали второто Светско првенство за осум години ќе оди на Блискиот Исток и ќе го наруши целиот светски фудбал. Домаќинот на Светското првенство во 2030 година треба да биде избран најдоцна на Конгресот на ФИФА во 2024 година.