Најдолговечната британска кралица почина вчера, на 96-годишна возраст во замокот Балморал, место со посебно значење.
Бакингемската палата ја објави тажната вест – кралицата почина.
– Расположението беше многу тмурно… Многу луѓе од толпата коментираа за виножитото и го фотографираа – изјави Питер Барнс (31), директор на компанија со седиште во Лондон.
Над главните знаменитости во градот можело да се види виножито, пренесуваат британските медиуми.
The sun has appeared behind Buckingham Palace with a double rainbow 💗#QueenElizabeth pic.twitter.com/S4GbujeWOh
— Robyn Haque (@robyn_haque) September 8, 2022
Кралицата ги поминала последните денови во замокот во кој среќно се навраќала на целиот свој живот. Шкотскиот имот и замокот беа нејзината омилена дестинација во текот на нејзиниот живот.
Таму ги поминала најубавите денови од своето детство, играјќи си со помалата сестра, принцезата Маргарет, а принцот Филип ја запросил токму таму.
Имотот се наоѓа во близина на селото Крејти и е една од главните резиденции на британското кралско семејство откако беше купен во 1852 година од принцот Алберт, сопруг на кралицата Викторија.
Елизабета секое лето престојуваше во Балморал и таму минуваше неколку месеци. Според приказните на кралските експерти, кралицата ги поминала најсреќните денови од својот живот токму во овој замок.
Британската кралица Елизабета Втора почина вчера, на 96-годишна возраст, а ќе остане запаметена како најдолговечниот британски крал. На тронот ја наследи нејзиниот најстар син Чарлс, кој е најстариот престолонаследник од 2011 година. Чарлс го чека тронот повеќе од 60 години, а ќе биде крунисан како крал Чарлс III.