Мајката на Лука Дончиќ се огласи по тужбата на нејзиниот син, тврди дека и се закануваат

Откако беше објавено дека најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ поднесе тужба до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД (USPTO) во која бара да се откаже регистрацијата на брендот „Лука Дончиќ 7“ во сопственост на неговата мајка, се огласи и самата Мирјам Потербин.

Во текот на првата сезона за Маверикс (2018/19), на 19-годишна возраст, Дончиќ и дал согласност на мајка си за регистрација на неговото целосно име како заштитен знак, а во јули 2021 година, Дончиќ писмено објавил дека сака наведената согласност да се отповика.

Словенецот тогаш сакаше да го регистрира својот бренд како „Лука Дончиќ“, но Канцеларијата за патенти и трговки марки на САД, УСПТО, одби да го стори тоа бидејќи веќе постои бренд „Лука Дончиќ 7“, а неговата мајка не сакаше да го откаже.

По тужбата, мајката на Дончиќ тврди дека Лука паднал под влијание на други луѓе кои сакаат да го искористат.

„Сè што е напишано доаѓа од луѓе кои го опкружуваат Лука во последните две години и сакаат целосна контрола врз неговиот живот и кариера. Не сакам јавно да перам валкани алишта, особено во време кога Лука треба да биде собран и фокусиран на важните игри кои му претстојат од неговото раѓање па наваму.

Единствено ми беше важно Лука да е среќен и да може да ги следи своите соништа, што е нормално за секоја мајка“, изјави Мирјам Потербин во интервју за ММЦ.

Таа тврди дека добива закани од луѓе кои соработуваат со нејзиниот син, но дека никогаш нема да се откаже од заштитата на нејзиниот Лук.

„Заканите од луѓе кои сакаат да го искористат мојот син, како и пишувањето текстови како овој, во незгодно време за Лука, нема да ме поколебат.  Секогаш ќе стојам зад заштитата на мојот син и никогаш нема да отстапам од тоа“, кажа Мирјам.

Во тужбата се наведува дека Дончиќ не е поврзан со тој бренд, и дека не одобрува  користење на услуги и стоки под тоа име.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *