Вредноста на британската фунта во однос на доларот е најниска од 1985 година – една фунта е еднаква на 1,15 долари. Ова е последица на реакцијата на инвеститорите за економските намери на новата премиерка на Велика Британија, Лиз Трас.
Трас беше избрана за премиерка завчера, 6 септември, во време на една од најтешките економски кризи во историјата на земјата. Инфлацијата во оваа земја е повеќе од 10 проценти.
Значителен пад на вредноста на фунтата во однос на доларот накратко се случи во март 2020 година, откако Велика Британија конечно се повлече од Европската унија. Сепак, таков драстичен пад на вредноста последен пат се случи во 1985 година, кога премиер беше конзервативката Маргарет Тачер.
Најавата на новата премиерка дека ќе ги намали даноците и ќе го зголеми задолжувањето предизвика загриженост на должничкиот пазар. По инфлацијата, рецесијата е сè поизвесна и во Обединетото кралство.
Во меѓувреме, вредноста на доларот расте. Вредноста на фунтата во однос на американската валута годинава е пониска за 15 отсто. Вредноста на фунтата во однос на еврото е пониска за еден процент, објави американската телевизија CNBC.