Водителка на вести од Оклахома доживеа мозочен удар на камерата во телевизиско студио, а нејзината емисија во живо во саботата наутро нагло беше прекината.
Џули Чин од филијалата на NBC, KJRH во Тулса, зборуваше за откажаното лансирање на ракетата SLS како дел од мисијата Artemis-I на НАСА кога почна да пелтечи, не можејќи да ги изговара зборовите што ги читаше од телепромптерот.
Збунетата водителка се обидела да ги прочита вестите, но набрзо веќе не можела ништо да каже гласно.
„Извинете, нешто не е во ред со мене утрово, им се извинувам на сите“, рече таа конечно, по што говорот и го предаде на метеорологот Ени Браун.
A news anchor in Oklahoma suffers the beginnings of a stroke on live TV.@JulieChin wrote on Facebook: "The past few days are still a little bit of a mystery, but my doctors believe I had the beginnings of a stroke live on the air Saturday."pic.twitter.com/POwcWB233l
— Fifty Shades of Whey (@davenewworld_2) September 5, 2022
„Џули те сакаме, сите имаме вакви денови“, се слушна како Браун ѝ вели низ смеа пред да ја земе палката.
Но, Чин не се вратила во етерот и по завршувањето на временската прогноза – нејзините колеги се јавиле на 911 и Чин веднаш била пренесена во болница.
Во неделата вечерта таа на Фејсбук објави дека сега и е добро и дека лекарите веруваат дека доживеала „почеток на мозочен удар, а не целосен мозочен удар“.
Таа објасни како пред емитувањето на вестите се чувствувала совршено добро, но како нејзината состојба нагло и ненадејно се влошила.
„Се појави од никаде. Сè почна да се случува за неколку минути. Прво делумно го изгубив видот на едното око, а малку подоцна ми се вкочанија дланката и раката. Сфатив дека не ми е добро кога не можев да ги кажам зборовите што ги читав од телепромптерот. Ако ме гледавте во сабота наутро, знаете колку очајно се обидував да продолжам, но зборовите едноставно не ми излегуваа од уста“, напиша Чин, а потоа им се заблагодари на своите соработници што препознаа што се случува и веднаш и помогнаа.
„Многу сум благодарна за нивната брза реакција. Отсекогаш сум велела дека го имам најдобриот тим, а ова е уште еден доказ за тоа“, додаде водителката, која се уште е во болница на одредени тестирања и проверки.
Сепак, таа пред камерите најави брзо враќање.