Пуле, сирење произведено во природниот резерват Засавица во Србија, е прво на листата на најскапи во светот, објави магазинот Chef’s Pencil. Имено, килограм чини дури илјада евра.
Ова српско сирење се прави од магарешко млеко. Со оглед на фактот дека овие животни даваат многу малку млеко (околу два децилитри дневно) кое не содржи многу казеин, процесот на правење сирење е исклучително комплициран. Сè е направено со рака. Поради оваа причина, може да се каже дека цената е многу оправдана.
За еден килограм сирење потребни се дури 25 литри магарешко млеко. Содржи само еден процент млечна маст, а концентрацијата на витамин Ц е дури 60 отсто поголема од онаа што се наоѓа во кравјото млеко.
Има и витамини А, Д и Е, како и калциум и омега-3 масни киселини. Во Засавица годишно се произведуваат околу 100 килограми сирење.
“Нашите клиенти се претежно странци, амбасадори. Еден поранешен претседателски кандидат од Украина еднаш купи се што имавме на залиха. Продадовме 12 килограми сирење на сингапурски тајкун. Неговиот човек потоа дојде со авион и сето тоа го однесе на забава која чинеше речиси 10 милиони евра“, изјави претходно за порталот Нова.рс, Слободан Симиќ, директор на природниот резерват Засавица.
Овде можете да видите и други видови сирење вклучени во листата на најскапите.