Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси купи вила на Ибица вредна 9,5 милиони фунти, но имотот се покажа како вистински кошмар за него и неговото семејство.
Фудбалерот на париски ПСЖ го купи имотот од швајцарскиот бизнисмен Филип Амон, а адвокатот на Меси ги потпиша документите како правен застапник на Едифицио Ростовер, кој припаѓа на друга компанија чиј директор е братот на играчот Родриго.
Вилата има проблеми со документите за просторно планирање и се уште нема добиено употребна дозвола. Просторно-планските проблеми наводно се поврзани со изградбата на неколку простории во гаражата кои постојат од порано.
Адвокатот што го застапува седумкратниот добитник на „Златната топка“ сега разговара со локалните власти и се обидува да го реши проблемот што е можно поскоро. Се смета дека Меси можеби ќе треба да ги урне собите кои не биле дел од првичните планови во новоизградениот имот.
Таткото на три деца поседува хотел со 52 соби на Ибица, како и хотел во близина на Барселона кој го купил за 26 милиони фунти. Тој, исто така, поседува вила во Кастелдефелс во близина на Барселона, која ја купи во 2009 година со сопругата Антонела Рокузо за 3,5 милиони фунти и потроши повеќе од 5 милиони фунти за реновирање.
Тој поседува и огромна вила на периферијата на неговиот роден град Росарио, која се нарекува „тврдина“. Огромниот имот има кино, теретана и подземна гаража со доволно простор за 15 автомобили.