Ѕвездата на „Беверли Хилс“ проговори за болеста: „Премногу млада сум за ова“

Американската актерка Џени Гарт (50) од познатата серија „Беверли Хилс 90210“ веќе пет години се бори со остеоартритис, хронична, дегенеративна болест на зглобовите чија главна причина е влошување на зглобната ‘рскавица.

„Кога докторите открија зошто толку ме болат зглобовите при бенигни активности, првата мисла беше дека сум премлада за артритис!“, изјави таа за магазинот People и вели дека болеста е предизвикана од неколку работи: гени, хормонални промени во женското тело, психичка и физичка траума, но и дејство на одредени ензими и хемиски соединенија.

„Ми рекоа дека причината во мојот случај може да биде наследна. Почнав да разговарам со мајка ми и со другите членови на семејството и открив дека и тие страдаат од болки во зглобовите, тие само го сфатија како „нормална состојба“ поради нивната доцна возраст“, рече таа, додавајќи дека нема да дозволи болеста да ја победи.

Таа откри и дека користи волтарен гел кога и е потребно, а внимава и на  исхраната. Ги исфрлила сите преработени производи, црвено месо, млеко и млечни производи, односно се што може да предизвика болно воспаление. Таа вклучуваше и храна со антиинфламаторно дејство, од бобинки (природен антиинфламаторен еликсир) и многу риби.

Свесна е, вели, дека артрозата нема лек, но поактивен живот и помага се да биде поподносливо.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *