Мајсторот на феноменалните афоризми и генијалните парадокси, Оскар Вајлд, е еден од најцитираните светски класици.
Од неговите дела ширум светот веќе долго време се извлекуваат афоризми, а неговата способност да сокрие неверојатно длабоко значење во доза на хумор не воодушевува само една генерација.
Собравме за вас 35 феноменални, смешни и длабоки афоризми од Оскар Вајлд:

- Ќе останете несреќни се додека верувате дека другите луѓе ви носат среќа.
- Човекот е најмалку себе кога зборува за себе. Дајте му маска и тој ќе ви ја каже вистината.
- Не само најнеразбирливите судат според надворешниот изглед

- Знаењето убива. Ние сме маѓепсани само од сомнежи. Маглата ги прави работите помагични.
- Старите веруваат во се, зрелите се сомневаат во се, младите знаат се.
- Не можеме да поднесеме луѓе кои ги имаат истите маани како нас.

- Неугледните жени секогаш се љубоморни на своите сопрузи, на убавите не им е грижа, тие се љубоморни на туѓите.
- Никогаш не треба да и верувате на жена која отворено зборува за своите години. Жената која го вели тоа е подготвена да каже сè.

- Мажот може да биде среќен со секоја жена, под услов да не ја сака.
- Кога бев млад мислев дека парите се сè. Сега сум стар и сигурен сум дека се.
- Бидете свои. Други улоги се веќе преземени.
- Да живееш како што сакаш не е себичност. Егоизам е кога другите се принудени да размислуваат и да живеат како што сакате вие.

- Јавното мислење триумфира таму каде што мислата дреме.
- Сите сме во калта, но некои од нас гледаат во ѕвездите.
- Мажите секогаш сакаат да бидат првата љубов на жените, а жените сонуваат да бидат последната љубов на мажот.

- Песимист е човек кој се жали на вревата кога среќата ќе му тропне на вратата.
- Луѓето најмногу се заинтересирани за сè на светот, освен за она што навистина треба да го знаат.
- Луѓето не веруваат во религиозни догми, не затоа што се разумни, туку затоа што често ги повторуваат.
- Лондонските магли не постоеле додека уметноста не ги открила.
- Христос не умре за да ги спаси луѓето, туку да ги научи да се спасуваат еден со друг.
- Секој учествува во несреќата на своите пријатели, само малкумина се радуваат на нивните успеси.

- Кога боговите сакаат да не казнат – тие одговараат на нашите молитви.
- Она што навистина треба да го знаеме, никој нема да не научи.
- Душата се раѓа стара и станува сè помлада. Тоа е комедија на животот. Телото се раѓа младо и старее. И во тоа лежи целата трагедија.
- Поетот може да се справи со се, освен со печатна грешка.
- Секој светец има минато, а секој грешник иднина.

- Главната штета на бракот е тоа што ја вади себичноста од човекот. А луѓето кои не се егоисти се безбојни, ја губат својата индивидуалност.
- Единствениот начин да се ослободите од искушението е да му се предадете.
- Разликата меѓу желбата и љубовта е во тоа што желбата трае малку подолго.
- Бесмислено е да се делат луѓето на добри и лоши. Луѓето се или шармантни или глупави.
- Јас сум единствената личност на светот која би сакал подобро да ја запознаам.

- Луѓето ги прават најлошите работи со најдобри намери.
- Ништо не ја попречува љубовта толку многу како хуморот кај жената и недостатокот од него кај мажот.
- Жените имаат неверојатна способност да откриваат сè, освен очигледното.
- Треба да ја знаете оваа голема тајна на животот: да ја лекувате душата со чувства и чувствата со душата.