ШТО Е СЕГА ОВА? Вистината за црвеното месо: Нова студија откри дали е навистина толку нездраво – резултатите може да ве изненадат

Постојат слаби докази дека конзумирањето на непреработено црвено месо доведува до рак на дебелото црево и дојката

Конзумирањето непреработено црвено месо не го зголемува ризикот од мозочен удар, сугерира ново истражување, пишува Zafodna.rs.

Со децении, постојат стравувања дека јадењето свинско месо може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања поради неговата висока содржина на масти.

Но, научниците кои анализираа скоро 200 постоечки студии не најдоа докази за врска. Исто така, постојат само слаби докази дека консумирањето непреработено црвено месо доведува до рак на дебелото црево, рак на дојка и дијабетес тип 2.

Водечкиот автор на студијата, др. Кристофер Мареј од Универзитетот во Вашингтон рече дека се надева оти наодите „ќе ја разјаснат конфузијата и ќе им помогнат на потрошувачите да донесат информирани одлуки за исхраната, вежбањето и другите активности кои можат да влијаат на нивното долгорочно здравје“.

Месото се смета за необработено ако е свежо, не пакувано, варено, конзервирано или сменето од природната состојба.

Преработеното месо, како што се сланина, колбаси и салама, се модифицирани за да се подобри нивниот вкус или рокот на траење со пушење, солење или конзервирање.

Зголемен ризик од срцеви заболувања?

Со години, консумирањето црвено месо е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања поради високите нивоа на заситени масти. Се смета дека мастите ги зголемуваат нивоата на холестерол на липопротеини со ниска густина (LDL) во телото, добро познат фактор на ризик за коронарна артериска болест.

Научниците испитувале 180 студии од целиот свет кои разгледувале одредени однесувања и избор на исхрана. Тие користеа едноставен систем за оценување со ѕвезди.

Една ѕвезда значеше дека нема врска помеѓу исхраната и болеста, додека пет значеше дека одредена диета ги зголемува шансите за здравствен проблем за повеќе од 85 проценти.

Врската помеѓу консумирањето непреработено црвено месо и исхемичниот мозочен удар, најчестиот тип на мозочен удар, доби само една ѕвезда. Две ѕвезди доби поврзаноста помеѓу избегнување зеленчук и коронарна артериска болест.

Резултатите беа објавени во списанието Nature Medicine.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *