Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија на „Newsbeat“ на BBC Radio 1 за Светскиот ден на менталното здравје, а британската миленичка уште еднаш покажа модна скромност по тој повод.

Позната по својата навика да носи веќе видени парчиња, како и по достапните ткаенини од high street брендовите, новата принцеза од Велс и овој пат не остави ништо на случајноста.

Кејт го одбележа Светскиот ден на менталното здравје со принцот Вилијам со снимање на специјална епизода од „Newsbeat“ на BBC Radio 1, а тоа го направи во облека искомбинирана со крем јакна.

Тесната јакна без ревер што ја избра Кејт доаѓа со потписот на шпанската Zara, а до неодамна беше достапна во онлајн продавницата на брендот по намалена цена од 1500 денари.

Првобитната цена беше 2900 денари.

Иако е целосно распродадена, сè уште се достапни верзии на јакната во бои како розова или виолетова. Крем верзијата, пак, Кејт веќе имаше можност да ја носи.

По платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора во јуни, Кејт го заокружи изданието со споменатата јакна за посета на детската добротворна организација Little Village Brent.

Исто како и во јуни, таа ја облече јакната на Zara по пристапна цена со црни панталони, а многумина ги заинтригира со својот избор на накит.

Наместо фенси накит со скапоцени камења, таа избра ланче од златен синџир со привезок од срце во духот на популарната естетика Y2K.