Џиновско дрво во Амазон, високо 88,5 метри и широко 9,9 метри

Група научници и активисти за заштита на животната средина, предводени од локални водичи, оваа година се обиделе да стигнат до него

По три години планирање, пет експедиции и две недели пешачење низ густата џунгла, група научници конечно стигнаа до највисокото дрво во Амазон – високо 88,5 метри и широко 9,9 метри.

Џиновското дрво, чија круна се издига пред се останато во природниот резерват Итарапу, на северот на Бразил, припаѓа на видот „angelim vermelho“.

Ова џиновско дрво е откриено во 2019 година благодарение на сателитски снимки.

Група научници и активисти за заштита на животната средина, предводени од локални водичи, се обиделе да стигнат до него истата година.

Но, по десет дена борба низ дождовната шума, исцрпени, болни и без храна и вода, мораа да се откажат.

Во следните три експедиции, експертите стигнаа до некои други колосални дрвја, вклучувајќи го и 66-метарскиот бразилски орев, исто така највисок од ваков вид во Амазон.

Но, џиновскиот „ангелим вермељо“ остана неостварлив до сега – научниците стигнаа до него пловејќи 250 километри по реки, а потоа пешачејќи 20 километри низ ридскиот терен на дождовните шуми.

Еден член на експедицијата едвај го преживеа убодот на отровен пајак.

-Тоа е една од најубавите работи што сум ги видел. Тоа е божествено – изјави шумарскиот инженер Диего Армандо Силва од Универзитетот во Амапа.

Научниците накратко кампуваа под масивното дрво, собирајќи лисја, почва и други примероци за да анализираат за да утврдат колку е старо.

Силва проценува дека џиновското дрво е веројатно старо меѓу 400 и 600 години – пренесуваат научните портали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *