Тројена, која треба да биде завршена во 2026 година, ќе вклучува скијачки патеки кои ќе бидат отворени во текот на целата година, вештачко слатководно езеро, кабини, вили и луксузни хотели.

Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029 година во Неом, футуристички мегаполис што се гради во северозападниот дел на земјата.
Ова го соопшти Олимпискиот совет на Азија (ОЦА).

– Пустините и планините на Саудиска Арабија наскоро ќе станат игралиште за зимски спортови – наведува ОЦА, додавајќи дека одлуката била донесена едногласно на состанокот на генералното собрание во Пном Пен.

Сместен на брегот на Црвеното Море, проектот „Неом“, чија изградба е вредна неколку стотици милијарди долари и е предводен од моќниот престолонаследник Мохамед бин Салман, е предмет на бројни дискусии од 2017 година, кога беше објавен.
Архитектите и економистите гласно ги изразија своите сомнежи за неговата изводливост.

Азиските Зимски игри треба да се одржат и во Тројена, планинскиот дел на Неома, „каде што температурите паѓаат под нула степени во зима и каде што температурите во текот на целата година се генерално под 10 степени“ покрај морето, велат промоторите на овој проект.

Тројена, која треба да биде завршена во 2026 година, ќе вклучува скијачки патеки кои ќе бидат отворени во текот на целата година, вештачко слатководно езеро, кабини, вили и луксузни хотели, додаваат истите извори.

Директорот на Неом Надми ал-Наср изјави дека Тројена ќе биде опремена со „соодветна инфраструктура за да создаде зимска атмосфера среде пустина и ќе ги направи Зимските игри светски настан без преседан“.

Азиските Зимски игри вклучуваат натпревари во скијање, сноуборд, хокеј на мраз, уметничко лизгање, во вкупно 47 спортови, од кои 28 се на снег и 19 на мраз, додава ОЦА.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ