Здравко Чолиќ призна што добивал од обожавателите.
Здравко Чолиќ е секако една од најголемите ѕвезди на овие простори, а во текот на својата повеќедецениска кариера запознал различни луѓе, особено неговите обожаватели.

Меѓутоа, во своите помлади денови гордо ја носеше титулата најпосакуван маж на естрадата, а сега ги откри и начините на кои жените се обидуваа да го привлечат неговото внимание.
Тој отки какви подароци најмногу сака да добива на концертите и како го поминува слободното време.

“Многу е тешко. Имаше сè. Од градници, гаќички до цвеќиња, кукли од секаков вид, до некои сериозни парфеми. Секакви работи се случија во мојата кариера.
Сето тоа е дел од кариерата и дел од животот. Се радувам на секој подарок секако. Најмногу сакам цвеќиња, кога некој ќе ми подари роза или мал букет“, изјави пејачот.

На прашањето како ја одржува линијата, тој имаше подготвен одговор:
„Јас функционирам периодично, односно кампањски. Кога треба, лесно се справувам, а вака сакам друштво и да се опуштам. Ајде да седнеме на пијачка, да се дружиме.
Но, кога треба да се подготви нешто сериозно, мислам дека бев многу дисциплиниран цел живот. Значи, се е прашање на периодот кога нешто се прави, кога не се прави“.

Погледнете и како папарацо тимот го фати на пауза од трчање, но и во гаќи!


