Марија Франциска Перело е сопруга на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Шпанецот Рафаел Надал, а неодамна беше објавена веста дека станаа родители на мало синче.
Имено, за Марија не се знае многу, познато е дека таа се крие од медиумите и јавноста, но не можеа да ја сокријат веста за раѓањето на детето.

Да потсетиме, славниот тенисер и неговата сопруга го очекуваат своето прво дете по 17 години заедно.
Сомнежите започнаа на турнирот Ролан Гарос кога Надал ја освои својата 14 титула на Отвореното првенство на Франција и 22 Грен слем титула и со тоа стана најстариот шампион во историјата на турнирот.

Кога гласините се проширија низ медиумите, тенисерот конечно се откажа од криењето и потврди дека ќе стане татко.
-Ако се биде во ред, ќе станам татко, им порача тенисерот на насобраните новинари на конференцијата непосредно по освојувањето на турнирот.
– Не сум навикнат да зборувам за мојот приватен живот. Живееме помирно и се држиме за себе. Не очекувам тоа да се промени во скоро време, додаде тој.

Инаку, Рафаел и Марија врската ја започнаа уште во 2005 година, а пред тоа се познаваа неколку години. Тие се верија во јануари 2019 година, а во октомври истата година застанаа пред олтарот.
Ненаметливата и мирна Шпанка некогаш работела во осигурителна компанија, но денес е деловен партнер на нејзиниот сопруг, поради кој се откажала од претходниот живот.

Пред врската со Надал, таа беше успешна бизнисменка и заврши студии по економија и претприемништво. Но, бидејќи се заљубила во тенисерот, ги оставила сите амбиции на страна и ги ставила него и неговата кариера на прво место. Таа ја води и фондацијата на тенисерот, каде што беше назначена за директор на проектот.
Со текот на годините, многумина се прашуваа зошто Марија толку се омаловажува и зошто не сака да се појавува со Надал во јавноста. Еве колку теории се развиле, а некои отишле дотаму што тврдат дека тенисерот се срамел од сопругата.

Имено, многумина низ годините ја критикуваа поради нејзиниот изглед, бидејќи Марија не е склона кон екстравагантни модни комбинации и е природна, а неодамна се појавија гласини дека Надал ја изневерил со Шакира, познатата секс бомба.
Секако, ниту една од тие гласини не беше потврдена, а веста за раѓањето на синот ги замолчи критичарите кои велеа дека Надал не ја сака својата сопруга. Во последните две години таа почесто се појавува во јавност со него, но и понатаму е аверс на црвените теписи.

-Му треба простор кога се натпреварува, а самата идеја да го чекам цел ден да го заврши тоа што треба да го направи и да шетам ме изморува. Тоа би ме задушило. Тој ќе мора да се грижи за мене… Ако го следам насекаде, мислам дека постои ризик да престанеме да се разбираме, рече Марија еднаш кога новинарите ја прашаа зошто ретко се појавува со сопругот на неговите турнири.

Денес, таа е сопруга на еден од најбогатите спортисти на сите времиња, мајка на мало момче чие име се уште не го знаеме и жена која својот живот го потчини на успехот на мажот што го сака.