Жените и плаќаат цело богатство за да ги научи како да манипулираат со мажите

Таа ги дели жените во три категории и ги споредува со животни – еленот е олицетворение на женската енергија, кравата прави се сама и е уморна, а коњот претставува машка стабилна енергија кон која жените треба да се стремат.

Маргарита Назаренко е платена од други жени за да ги научи како да манипулираат со мажите. Водени од нејзините учења, тие можат да добијат се што ќе посакаат, но за тоа постои едно правило.

Клучот за успехот е жените да ја прифатат својата женственост и да им се препуштат на страстите, а правилото, посочува таа за странските медиуми, е едноставно – зголемете ја енергијата и сите врати ви се отворени.

-Ако сакате мажите да направат се за вас, зајакнете ја вашата женственост. Копнеат по женственост и кога ќе ја добијат, се исполнуваат – вели Маргарита, која е мажена за богат хирург.

Тaa ги дели жените во три категории, а ги споредува со животни – еленот е олицетворение на женската енергија, кравата прави се сама и е уморна, а коњот претставува машка стабилна енергија кон која жените треба да се стремат. Таа преку личен пример објасни што подразбира гореспоменатата изјава.

-Цел живот припаѓам на група коњи. Сакав да ги платам сметките, а за возврат бркав мажи кои не сакаа да бидат со мене – вели Маргарита, а манипулацијата со мажите ја дефинира како „влијание на вешт начин“.

Како што понатаму објасни во интервју за „Њујорк пост“, нејзината манипулација не подразбира „измамување на партнерот“, напротив, подразбира начин на кој двете страни ќе профитираат од одредена ситуација и ќе го добијат тоа што го сакаат.

На пример, таа неодамна манипулираше со својот сопруг да патува до посакуваните дестинации.

-Сајмон сакаше да купи кампер, а јас изгледав заинтересирана за неговиот сон. Отидовме во Лас Вегас, а потоа поминавме незаборавно време во Лос Анџелес и Сан Франциско.

Правилото е дека жените не треба да ги принудуваат своите сопрузи да го менуваат начинот на живот, туку повеќе да влијаат на нивните одлуки – изјави Маргарита.

-На пример, ако сакате вашиот партнер да почне да оди во теретана бидејќи има вишок килограми, треба да почнете сами да го правите тоа.

Наместо да им кажувате што треба да направат, покажете им што сте спремни да направите за нив. И тие ќе ве следат. Поентата е да го насочите нивниот сон кон она што го сакате – заклучила таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *