„Видов златен часовник и голем нос“ Како мистериозната русокоса го скроти Златан: постара е 11 години, а таа е жена змеј

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ пред два дена го прослави својот 41 роденден!

Иако ја гази својата петта деценија од животот, неуништливиот Ибра се уште не размислува за пензија, а и зошто, кога на теренот изгледа барем десет години помладо.

Млад дeлиkвeнт од сиромашните предградија на Розенгард, Шведска стана ѕвезда, стана сериозно лице и мајстор на фудбалската игра, а значајна заслуга за тоа има неговата мистериозна сопруга Хелен Сегер.  Жената која успеа да го скроти лавот!

Хелен, споругата на Златан, не личи на класичните сопруги на фудбалери кои секојдневно ги гледаме на социјалните мрежи.

Хелен е 11 години постара од Златан. Таа е успешен претприемач и многумина сметаат дека токму таа е заслужна за големите инвестиции на Ибрахимовиќ, кои го направија еден од најбогатите спортисти во светот.

Оваа згодна русокоса не сака да се експонира во медиумите, на социјалните мрежи не објавува провокативни фотографии од луксузни дестинации, не се фали со нови скапи ткаенини, чевли, чанти… и доаѓа кај својот сакан на натпревари да навива, а не да биде во центарот на вниманието.

Кога го запознала Ибрахимовиќ, таа веќе била остварена, успешна жена. Имала кариера и одлична работа.

„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер да ме храни.

Бев независна, а тој дури и не беше мој тип на човек. Првиот пат кога го видов, ми го блокираше „мерцедесот“ со неговото „ферари“, го видов само неговиот голем нос и златен часовник на раката. Бев нерасположен и му викав.

Мислам дека не му се допадна,“ откри еднаш Хелен.

Хелен и Златан се заедно две децении и имаат два сина.

Оваа атрактивна русокоса не троши премногу време на својот изглед, признава дека има преголеми усни и прекратки нозе, подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнерски фустани, не сака шопинг, нема домашна помошничка, ужива во брзо возење со мотор и речиси никогаш не дава интервјуа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *