Жаклина Беридо Пизано има 53 години и важи за најубавата баба во Србија, а кога ќе ги погледнете нејзините слики на социјалните мрежи ќе ви стане јасно зошто.
Модната блогерка Жаклина Беридо Пизано, која живее во Италија, има нешто помалку од 530.000 следбеници на Инстаграм, а на своите фотографии изгледа речиси двојно помладо. Жаклина ужива во луксузен и гламурозен живот, а нејзиниот моден стил се издвојува каде и да се појави, па за неа своевремено пишуваше британски Дејли Мејл.
Сепак, иако нејзиниот живот на прв поглед е совршен, Жаклина во 2016 година се соочи со голема трагедија кога го загуби синот кој настрада во сообраќајна несреќа.
„Јас сум баба, но потребна е храброст за да продолжиш со животот.Потребна е храброст повторно да ја избереш среќата.Сега го живеам мојот сон и на 53 години!
Драги мои, само сакав да ви кажам дека никогаш не е доцна. И дека најдобрите можни работи можат да се случат кога најмалку ги очекуваш, само не се откажувај!
Не се фокусирај на она што ти е одземено. Најди нешто одлично што ти е дадено и прифати го како благослов што го имаш. Останете здрави и сакајте го живот“, напиша таа во објавата на Инстаграм.
Жаклина е двократна мајка и баба, но секогаш ја истакнува својата голема тага поради трагичната смрт на нејзиниот син Стефан, иако сè уште го означува во некои објави и сè уште остава емотикони со срца на неговиот Инстаграм профил. Стефан почина на Божиќ 2016 година во Белград.
„Јас сум мајка на Јана и го изгубив моето второ дете, син ми Стефан, кој загина на 23-годишна возраст во сообраќајна несреќа. Го удри автомобил на пешачки премин во Белград во 2016 година. Беше многу болно, тешко, за мене несовладливо.
Сега им се посветив на моите внуки, чии слики ги тргнав од сите социјални мрежи, останаа само неколку каде не им се гледаат лицата“, изјави Жаклина, која е во брак со Италијанец чиј идентитет вешто го крие од јавноста.