ОТИДЕ НА ПОГРЕБОТ НА ЕДНАТА СЕСТРА, А ПО ПАТОТ И ЗАГИНА И ДРУГАТА: Легендарната југословенска пејачка помина низ многу бури, но ова и падна најтешко

Пејачката Јадранка Стојаковиќ е една од оние чие име никогаш нема да биде заборавено, благодарение на нејзиниот извонреден талент и хитовите што ги остави зад себе.

“Што те нема”, “Има некоја тајна врска”, “Се можевме да направиме”, се само дел од нејзините песни кои ги знаат речиси сите на поранешниот југословенски простор, а многумина не знаат дека животот на Јадранка го одбележале големи трагедии.

“Мојот живот беше тежок уште од детството. До пет години живеев со мајка ми која се селеше од место на место, па се преселив кај баба ми, а потоа за мене се грижеа вујко ми и неговата сопруга. И тие се селеа низ цела Германија, Норвешка и Шпанија”, рече таа во една прилика.

Кариерата ја започнала настапувајќи во џез клубови во Америка, а благодарение на својот голем талент стигнала и до Јапонија.

Но, сè беше прекинато со војната што се случи во Југославија во 90-тите години , бидејќи, како што самата рече, не можела да пее без да знае како е нејзиното семејство и дали се воопшто живи.

Таа живееше 23 години во Јапонија, а за време на војната и бил одземен станот во Сараево. Недолго потоа се случи трагедија која засекогаш и го промени животот.

Имено, Јадранка ја известиле дека нејзината сестра починала, а таа веднаш отпатувала од Јапонија за да ја испрати во вечниот дом.

Меѓутоа, кога заминале на погребот, немала поим дека ќе се случи уште една незамислива трагедија. Во автомобилот кој возел пред неа во сообраќајна несреќа загинала и нејзината друга сестра.

Некако успеала да продолжи, а потоа во 2010 година додека излегувала на сцената се здобила со повреда, по што и била дијагностицирана болест на моторниот неврон или амиотрофична латерална склероза, поради што била целосно неподвижна.

“Постепено ми пропаѓаа нозете додека не станав целосно неподвижна”, изјави таа за “Дневни аваз” во едно од нејзините последни интервјуа.

“Интересно е кога во животот човек се прашува што е среќа и колку свесно влијаеме на нашите позитивни мисли, на нашите добри дела. Ако ме прашате денес што би сакала, тоа би се однесувало на се. Би сакала луѓето да размислат за себе и за својот живот”, заклучила пејачката.

Потоа рече и дека е свесна дека многумина ја заборавиле, и дека не се сеќава кога последен пат дошол некој да ја посети.

“Најтешко ми е што го изгубив гласот. Кога сфатив дека не можам веќе ни цела песна да одпејам, беше навистина голема тага. Што да правам, претпоставувам дека се изнапеав цел живот, па и на тоа дојде крај”, рече таа за Курир.

Јадранка Стојаковиќ почина на 3 мај 2016 година, а поранешна Југославија вечно ќе ги памети нејзиното име и дело.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *