Кикириките се одлична опција за здрава ужина како богат извор на протеини, јаглени хидрати, здрави масти, влакна и масни киселини. Освен што му дава енергија на телото, го намалува и ризикот од хронични болести.
Јадењето кикирики помага да се регулира нивото на холестерол. Неколку студии покажаа дека кикиритките помагаат и во намалување на нивото на крвниот притисок, пишува Times of India.
Исто така, содржи антиоксиданси како ресвератрол и амино киселини кои ги штитат артериите од таложење на масти, холестерол и други штетни материи.
Го намалува ризикот од дијабетес
Кикириките се сметаат за здрава ужина за дијабетичарите бидејќи се богати со хранливи материи и не содржат нездрави масти, па на тој начин го одржуваат нивото на шеќер во крвта под контрола. Содржи и магнезиум, кој помага во регулирањето на инсулинскиот одговор на телото.
Помага во намалување на воспалението
Како одличен извор на здрави масти кои се засилени со олеинска киселина, истото соединение кое се наоѓа во маслиновото масло, кикириките помагаат во борбата против воспалението и слободните радикали во клетките.
Помага во спречување на некои видови на рак
Истражувањата покажаа дека јадењето кикирики може да го намали ризикот од одредени видови на рак. Имено, содржи значително количество на протеини, витамин Е и е одличен извор на ресвератрол, за кој се вели дека го намалува ризикот од рак.
Помага при слабеење
Кикириките се богати со протеини и влакна кои помагаат во регулирањето на тежината. Протеините помагаат да се подигне енергијата, а влакната го зголемуваат нивото на ситост во телото.