Секс на првиот состанок: Што велат жените, а што мажите за тоа?

Кога станува збор за односот меѓу двајца луѓе, не постојат општи правила кои треба да се почитуваат, бидејќи сите сме различни. И додека некои луѓе се многу отворени за секс на првиот состанок и не гледаат никаков проблем во тоа, други се двоумат и се прашуваат што навистина сакаат од врската, а додека не расчистат со себе – нема да се впуштаат во секс.

И покрај долготрајната стигма поврзана со темата, сексот на првиот состанок воопшто не е невообичаен во денешната модерна култура. Понекогаш паровите го прават тоа веднаш за да видат колку добро се совпаѓаат или брзо да ја намалат тензијата што владее.

Lovehoney, бренд кој продава секс играчки, ја истражуваше темата – колку мажите и жените се склони да имаат секс по првиот состанок?

Во август оваа година разговарале со над 2.000 припадници од двата пола во САД, а речиси половина од нив (49 проценти) признале дека биле интимни на првиот состанок – 60 проценти од мажите и 43 проценти од жените.

На прашањето дали би го направиле тоа на првиот состанок, 70 отсто од мажите одговориле потврдно, додека жените се повнимателни – 61 отсто од нив одговориле дека на првиот состанок не би биле интимни со маж, туку ќе почекаат да видат како работите се расплетуваат.

Фактот дека жените се помалку склони кон ова може да се должи на фактот што низ историјата биле повеќе осудени за сексуални активности, а слични предрасуди и денес можат да се сретнат во различни делови на светот – она ​​што се толерира за мажот треба да биде „забрането овошје“ за жените, наведуваат истражувачите.

Исто така, во текот на ова истражување, се покажало дека луѓето на возраст од 45 до 54 години имаат најмногу искуства на секс на првиот состанок, 58 отсто од нив го доживеале. Според истражувањето, помладите луѓе на возраст меѓу 18 и 24 години имаат најмалку шанси да го сторат тоа – 31 отсто од нив имале секс на првиот состанок.

Мажите како најчеста причина за секс на првиот состанок наведоа: „Едноставно уживам!“  Жените, пак, најмногу сакале веднаш да проверат „колку се сексуално компатибилни со мажот“.

Овие две причини беа најчести, а третата по ред беше тоа што „побрзо ги поврзува на сексуално ниво“.

Тие исто така разговараа на оваа тема со психотерапевтот Рејчел Рајт:

„Еве ја работата: не постои вистинско време за секс. Концептите како „не давај млеко бесплатно“ или „нема да им се допаѓаш ако им го дадеш веднаш“ се стари и застарени, но можат да создадат силно чувство на срам кај двата пола, непотребно“.

„Некои луѓе сметаат дека сексот на првиот состанок е неверојатно корисен во одредувањето дали сакаат да одат на втор состанок или да бараат друг партнер. Важно е само да бидете искрени со себе и со личноста со која излегувате за вашите очекувања“, објаснува таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *