Пиењето две до три шолји кафе дневно може да биде поврзано со подолг животен век, сугерира новото истражување.
Во споредба со оние кои избегнуваат кафе, оние кои пијат кафе имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести, покажа едно истражување.
Наодите беа применети на мелени, инстант и безкофеински сорти на пијалок, а истражувачите сугерираат дека консумирањето кафе треба да се смета за дел од здрав начин на живот.
Според студијата, најголемото намалување на ризикот е забележано со две до три шолји дневно.
Авторот на студијата, професорот Питер Кистлер од Истражувачкиот институт за срце и дијабетес Бејкер во Австралија рече: „Во оваа голема, набљудувачка студија, инстант кафето и кафето без кофеин беа поврзани со еквивалентно намалување на инциденцата на кардиоваскуларни болести и смрт од кардиоваскуларни болести или која било причина“.
Студијата ги испитувала врските помеѓу видовите кафе и отчукувањата на срцето, кардиоваскуларните болести и смртта користејќи податоци од студијата на Биобанк во Велика Британија, во која биле избрани возрасни лица на возраст меѓу 40 и 69 години.
Некои веруваат дека е одличен за низок притисок, меморија, додека други го поврзуваат со ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Бидејќи на многумина ова не само што е омилен, туку и задолжителен пијалок, без кој не можат да го започнат денот, не е нелогично што речиси секојдневно се истражува влијанието на кафето врз здравјето.
Така, една нова студија сугерира дека одреден вид кафе може да има штетно влијание врз нас. Експертите изјавија дека високо печеното кафе може да го забави варењето и да предизвика стомачни тегоби.
„Постојат докази дека кафето со различни степени на печење влијае на варењето на различни начини. На пример, високо печеното кафе може донекаде да го блокира варењето, да го забави. Додека помалку печено кафе, напротив, ќе го забрза варењето“, се наведува во студијата.
Исто така, беше нагласено дека последиците од консумирањето на ваков пијалок се гасови, гастритис, па дури и зголемување на телесната тежина.
Препораката на експертот е да не го комбинирате овој вид високо печено кафе со обилни и нутритивно силни оброци. Доколку сакате вакво кафе со посилен вкус, кое се добива со подолго печење на зрната, најдобро е да го пиете помеѓу оброците, советува нутриционистот.
Некои од претходните студии покажаа дека пиењето премногу кафе може да го зголеми ризикот од згрутчување на крвта.