Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, рече дека Европа може да се соочи со “многу зас трашувачка ситуација” оваа зима, предупредувајќи дека зголемувањето на цените на енергијата низ целиот регион – во услови на напори на некои земји да го отфрлат рускиот гас и енергија без каква било остварлива алтернатива – може да значи дека луѓето нема да можат да ги стоплат нивните домови.
Говорејќи со новинарот на Блумберг Акшат Рати за епизода на подкастот, Гејтс беше замолен да ги коментира “спек такуларно лошите” изгледи за Европејците поради зголемените цени на енергијата оваа зима.
Read a transcript of Episode 3 of the Zero podcast with @AkshatRathi and @BillGates https://t.co/hLCd4I6ntQ
— Bloomberg Green (@climate) September 29, 2022
“Разликата во количината на природен гас што ви треба во многу студена зима наспроти блага зима ќе ги изненади луѓето. Тоа е речиси фактор три”, рече тој.
“Значи, надевајте се на прилично блага зима… Ако зимата е многу сурова, компромисите се многу, многу тешки, вклучително и ограничување на индустриската употреба [на енергија], за што луѓето навистина не се подготвени”, рече тој.
Гејтс беше скептичен кон изјавите на некои западни земји дека ќе го прекинат купувањето на руска енергија како од мазда за кон фликтот во Ук раина, што сугерираше дека Европа ќе мора да остане зависна од тој увоз уште некое време.
“Значи, кога луѓето ми велат: Еј, ние ги сакаме тввоите климатски работи затоа што можеме да му кажеме на [рускиот претседател Владимир] Путин дека не ни треба, јас велам: Да, за 10 години од сега. Јавете му се и кажете му дека не ви треба”.
Гејтс верува дека повторното активирање на централите за јаглен и потпирањето на други помалку зелени извори на енергија е “прагматично” и дури ќе биде “добро за климата” на долг рок, додека “на краток рок, само треба да се најде какво било решение, дури и ако значи дека емисиите ќе се зголемат”.
Поранешниот извршен директор на Мајкрософт, исто така, ги опиша тешкотиите на климатскиот активизам, истакнувајќи дека тој всушност “бара од општеството” да се “оддалечи” од поевтините и подолготрајни алтернативи за доброто на планетата, дури и оди дотаму што сугерира дека некои еколошки проблемите можеби никогаш нема да се решат..
“Мислам дека не е реално да се каже дека луѓето целосно ќе го променат својот начин на живот поради грижа за климата”, рече Гејтс. Освен огромен централен авторитет на кој луѓето едноставно би се покорувале, мислам дека проблемот со колективната акција едноставно не е целосно решлив, вели тој.
Дури и ако сите “богати земји” во светот едноставно исчезнат, тие би биле одговорни само за помалку од една третина од глобалните емисии на јаглерод, рече Гејтс, додавајќи: “Значи, екцесите на богатите земји… дури и целосно ограничување и контрола на тие земји, не е решение за овој проблем”, рече Гејтс.