Дали знаете што беше занимање на кралицата Елизабета? Па, онаа наведена во изводот на смртта, чија содржина е објавена во јавноста.
Светот чекаше три недели за да ја слушне официјалната причина за смртта, а тоа беше очекувано староста, но она што исто така привлече големо внимание е нејзината професија.
Во потврдата пишува се – полно име (Елизабет Александра Мери) и презиме (Виндзор), датум на раѓање (21 април), датум и време на смртта (8 септември во 15:10 часот по локално време), адреса на местото каде што таа умрела (замокот „Балморал“ во Шкотска), брачна состојба (вдовица)… А професија? Па, Нејзиното Височество Кралицата.
Што друго би била таа, прашале твитерџиите и почнале да се шегуваат. Бидејќи се наведени и занимањата на нејзините родители – кралот Џорџ VI и Елизабета, кралицата мајка.
Некои додаваат дека големата владетелка, доколку ја прашале, веројатно ќе го нагласела „служењето на народот“ како своја работа, бидејќи така често ги завршувала своите обраќања до нацијата.
Но, има и такви кои сметаат дека наведеното занимање на кралицата Елизабета е целосно оправдано, бидејќи да се биде крал не значи само да се пие чај во пет часот и да се организираат приеми на дворот.