Децата на славните летуваа на егзотични дестинации, фрчат селфиња и сториња, а еве кој беше нивниот избор (фото)

Медиумите со години, без разлика дали одмараа или настапуваа низ регионот, во летните месеци ги следеа Здравко Чолиќ, Амра Џеко, Наташа Беквалац, Жељко Јоксимовиќ, Мелина и Харис Џиновиќ…

Сепак, ситуацијата е променета.

Благодарение на социјалните мрежи и нивните деца станаа ѕвезди, а следбениците со нетрпение очекуваат најави од егзотични дестинации.

Наследничките на Здравко Чолиќ, Уна и Лара, се сончаа на плажите од Црна Гора до Хрватска, а претходно уживаа во Грција. Таа со многубројните следбеници на социјалните мрежи сподели многу моменти од летниот одмор.

Атрактивната Џина Џиновиќ собра дваесет илјади лајкови за фото-разгледница од Миконос.

Ќерката на популарниот Жељко Јоксимовиќ, Мина Јоксимовиќ, остана мистериозна и не се изјасни каде се наоѓа, но не одолеа да ги објави своите фотографии од летниот одмор.

Софија Виќентијевиќ, најстарата ќерка на познатата манекенка Амра Џеко, не е претерано активна на социјалните мрежи, но со пријателите сподели фотографија од нивниот летен одмор во Дубровник.

Петнаесетгодишната Хана Икодиновиќ се уште е премлада за да патува сама, но таа и нејзината мајка Наташа Беквалац одлично се забавувале во Марбела.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *