Тоа што за СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е или може да биде политички земјотрес или ураган за Али Ахмети е бура во чаша вода. Со денови се зборуваше дека Огнената група во ДУИ ќе ја подели партијата или дека ќе направат нова партија, дека тие имаат неколку пратеници во Собранието, но дека се многу (по)моќни на теренот и дека зад Ахмети како сигурни стојат само ограноците во Кичево и Струга, а на крајот тоа се покажа како бура во чаша вода.
Ахмети покажа зошто 20 години победува на сите избори и зошто по Мило Ѓукановиќ и Јанез Јанша е најдолговечниот лидер на една политичка партија во регионот.
Вчера нешто по полноќ оден од огнената група во ДУИ, Висар Ганиу кој е градоначалник на Чаир во стори на фејсбук објави фотографија со Ахмети на која е уште еден член на таа група-Изет Меџити.
Меџити беше во неколку мандати градоначалник на Чаир, а по изборите на 11 декември 2016 година заедно со Теута Арифи беа најгласни ДУИ да не оди во коалиција со ВМРО ДПМНЕ туку со СДСМ. Тогаш ДУИ го прекрши правилото, за кое самите се залагаа, дека победникот коалицира со победникот, односно најсилната македонска партија на изборите прави влада со најсилната албананска партија.
Изет Меџити поради кон фликтот со вицепремиерот Артан Груби не гласаше за изборот на новата влада, а веќе подолго време е дел од групата на незадоволни во ДУИ која ја сочинуваат некогаш истакнатите партиски функционери, Муса Џафери ( поранешен вицепремиер ), Невзат Бејта ( поранешен министер и градоначалник на Гостивар ), Блерим Беџети ( пранешен министер за правда и градоначалник на Сарај ) и други членови на партијата.
Минатата недела таа група побара оставка или смена на првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби. И тоа се случува во моментот кога се погласни озборувањата дека Ахмети го подготвува Груби за свој наследник.
Таканаречените младо турци полека ја преземааат власта во ДУИ и ги истиснуваат старите кадри во партијата. Во така поставена партија, без допир до пари и тендери, и еден Муса Џафери нема големо влијание. Тоа до точка на вриење ја зголеми нервозата во огнената група која ценеше дека по губењето на изборите за советници во Тетово е време да ја факторизираат својата моќ или да го капитализираат незадоволството во ДУИ.
Ахмети успеа во период од неколку години да ги елиминира некогашните најблиски соработници од 2001 година со кои потоа ја формираа ДУИ како политичко крило на УЧК. Гзим Острени формираше партија и потоа пропадна на поличката сцена. Фазли Велиу беше тргнат на страна, а човекот број 2 во ДУИ Муса Џафери не успеа ја ја преживее трасформацијата од каменот доаѓа од близу до коалиција со СДСМ.
Ја нема ниту Теута Арифи која минатата година ги изгуби изборите во Тетово од лидерот на БЕСА, Билал Касами. Потоа имаше неуспешен обид за именување на Арифи за амбасадор во Америка и Турција. Така Ахмети полека ја спроведе реформата во ДУИ без поголеми тензии во јавноста.
Во таа група влегува и Нејзат Бејта кој беше министер за локална самоуправа, во периодот на претседателствување на Бранко Црвенковски беше задолжен за одржување на комуникацијата на Црвенковски и Ахмети. Бејта во неколку наврати беше поразен на изборите за градоначаник на Гостивар, еднаш од Руфи Османи и од Арбен Таравари.
Таравари кој сега стана в.д. претседател на Алијанса на Албанците, по оставката на Зијадин Села, пред неколку дена даде индикативна изјава дека тој е подготвен да влезе во владата но сака да ја слушне понудата. Има најава дека веќе имало таква средба со високи функционери на СДСМ и на ДУИ на таа тема.
Со влегувањето на Алијанса на Албанците во владата стануваат слаб грмеж најавите на огнената група за поделба на ДУИ, бидејќи нивните неколкумина пратеници ( се говори дека се два ) лесно ќе бидат надоместени со пратениците на АА ако станат составен дел на владината коалиција.
На тој начин спектакуларните најави на огнената група за големи промени во ДУИ се сведоа на бура во чаша вода. Општина Чаир и општина Сарај, кои се дел од таа група, добија неколку директорски места во градот Скопје, можеби некој тентер и тоа е тоа, барем засега.
Има најава за можно заминување на Бујар Османи но во овој момент се додека течат разговорите со АА е извесна само министерската номинација на екс градоначаник на Скопје, Ристо Пенов кој во локална самоуправа треба да го замени Горан Милевски кој се повлече од министерската функција. СДСМ ги негираше најавите за заминување на Оливер Спасовски и Благој Бочварски од нивните ресори. Ќе се чека крајот на разговорите со АА и Таравари.
За дел од овие работи стана збор и во вчерашната емисија Во Центар, а целата емисија можете да ја погледате ОВДЕ.