Со поразот во двојки со Рафаел Нал на Лејвер купот, славниот швајцарски тенисер Роџер Федерер ја заврши кариерата на 42-годишна возраст.
Во своето проштално интервју за „Њујорк тајмс“, Федерер откри како се чувствува откако се збогува со тенисот.
„Мислам дека се чувствувам исполнето. Го загубив последниот натпревар во сингл, го загубив последниот меч во двојки, го загубив гласот додека им давав поддршка на моите соиграчи, мојот тим го загуби последниот натпревар, ја изгубив работата… изгубив се!
Но јас сепак: „Среќен сум и се чувствувам добро. Всушност е малку иронично, бидејќи сите мислат дека ова беше среќно збогување, како од бајка. И беше, иако никогаш не мислев дека вака ќе заврши“, изјави Роџер.
Роџер Федерер одлучи да стави крај на својата неверојатна кариера. Се пензионираше по 1527 одиграни натпревари на кои забележа 1251 триумф. Освои вкупно 103 трофеи (20 Грен слем титули, 28 Мастерс титули).
Тој заврши како број еден пет години и помина вкупно 310 недели на врвот на АТП листата.