Лекарите открија кое време од денот е најлошо за јадење – тогаш го зголемувате ризикот од развој на рак

Според Светската здравствена организација, ракот е втора водечка причина за смртност. Некои од најчестите видови на рак кај мажите вклучуваат: рак на белите дробови, рак на простата, рак на дебелото црево и рак на црниот дроб, додека жените се повеќе склони кон рак на дојка, белите дробови, тироидната жлезда и грлото на матката.

Треба да се каже дека нашиот начин на живот и нашата исхрана играат клучна улога кога станува збор за намалување на ризикот од развој на рак. Истражувачите веруваат дека не само што јадеме, туку и кога јадеме мора да се испита.

Според студијата спроведена од истражувачи од Институтот за глобално здравје во Барселона, времето во кое јадеме може да одреди и кој е изложен на поголем ризик од развој на рак. Истражувачите откриле дека луѓето кои редовно јадат по девет навечер и не поминуваат најмалку два часа по јадењето пред да одат на спиење, се изложени на поголем ризик да добијат рак – процентуално тоа е околу 25 проценти.

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ОВА?

Биолошкиот часовник го одредува и регулира циклусот на спиење и будност и се повторува на секои 24 часа и е познат како деноноќен ритам. Ако биолошкиот часовник на вашето тело работи правилно, од 21 часот па натаму, вашето тело треба полека да се подготвува за одмор, наместо да стане поактивно, што може да се случи после јадење.

ЗА СТУДИЈАТА

Студијата опфатила 621 случај на рак на простата и 1.205 случаи на рак на дојка и проучувала 872 мажи и 1.321 жена кои никогаш не работеле ноќна смена. Со помош на истражувачи и прашалници, тие беа прашани за времето кога јадат и спијат.

Луѓето кои рекле дека отишле да спијат два или повеќе часа по вечерата, имале 20 отсто помал ризик од развој на рак на дојка и простата. Меѓутоа, кога јаделе доцна, ризикот од развој на рак пораснал на 25 проценти.

„Нашата студија заклучи дека придржувањето до секојдневните навики на исхрана е поврзано со помал ризик од рак. Овие наоди ја нагласуваат важноста на времето во студиите за исхрана и рак“, рече д-р Манолис Когевинас, водечки автор на студијата.

„Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврди зошто времето на јадење влијае на ризикот од развој на рак, некои докази сугерираат дека тоа може да се должи на нарушениот режим на спиење“, додава тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *