НАД 11 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ – На интернет кружи бизарна снимка од телохранителите на кралот Чарлс: Имаат ли лaжни тупaници?

Од упокојувањето на Елизабета Втора, кралското семејство постојано е во центарот на вниманието, а на интернет кружат разни бизарни ситуации, од кои многу не’ насмеаја. Последната од нив се однесува на тупаниците на телохранителите на кралот Чарлс, што предизвика дебата меѓу корисниците на социјалните мрежи.

Имено, на интернет вчера почна да кружи снимка од обожавател кој се сомневал дека телохранителите на Чарлс имаат „лажни тупаници“. Со својата објава го привлече вниманието на повеќе од 11 милиони луѓе.

Корисник на TikTok кој се претставува како Џејсон ја забави снимката на која неколку телохранители внимателно го следат Чарлс за време на неговото јавно излегување и со зумирање на нивните тупаници, ги заинтригира следбениците тврдејќи дека изгледаат „безживотно“ и „сомнително“.

„Раката што ја држи човекот од левата страна изгледа сомнително. Како да е безживотна“, напиша Џејсон, а потоа продолжи: „Тој висок човек и неговата рака изгледа вештачко. Погледнете го тој стисок. Воопшто не се менува“, додаде, покажувајќи и на „испакнатината“ на јакната.

Џејсон сугерираше дека е многу веројатно телохранителите да чуваат оружје под палтата, подготвени во секој момент за некоја непредвидена околност што може да ја загрози безбедноста на лицето што го штитат.

Неговото видео предизвика лавина реакции, а додека некои ги изненади, многу корисници се согласија дека тоа не е ништо чудно, особено што се работи за кралот, кој во последните денови се среќава со голем број луѓе.

“Боже, замисли обезбедувањето на кралот Чарлс постојано да ја држи раката на чкрапалото. Импресиониран сум”, иронично напиша еден корисник.

@jase_the_ace_

King Charles security #kingcharles #buckinghampalace #security #kingcharlesiii #bodygaurd #fakearm

♬ original sound – Jason

“Кралот има вооружени телохранители? Навистина, револуција”, рекол друг корисник.

Некои беа на мислење дека дури и оваа форма на заштита „нема да успее да спречи“ некого од толпата ако реши да му наштети на новиот крал.

Патем, кралот Чарлс III се искачи на тронот веднаш по смртта на неговата мајка Елизабета Втора. Таа почина на 8 септември на 96-годишна возраст.  

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *