И тигарот побегнал од Украина, слободно ги “поминал” сите граници и сега се “шета” во Словачка (фото)

Тигар “преплаши” три места во Словачка откако избега од приватна зоолошка градина во Украина. Полицијата и локалните власти во источна Словачка ги повикаа жителите да бидат внимателни откако тигар избега преку граница. Селото Улиќ им порача на жителите во неделата да го ограничат движењето на отворено. Полицијата, која рече дека била известена од украинските власти за избеганиот тигар, ги предупреди луѓето да не ризикуваат. Словачките власти ги повикаа луѓето веднаш да ги известат доколку видат тигар. Словачкото Министерство за животна средина во понеделникот објави дека животното не е видено. Во неделата, Националниот парк Полонини, кој се наоѓа во областа, објави дека фото-стапиците регистрирале присуство на животното во близина на три места во Словачка. Во соопштението од паркот се наведува дека младиот тигар побегнал од приватен одгледувач во украинското село Стричави, од другата страна на границата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *