Стевчо Јакимовски: За разлика од многу мои колеги јас НЕ ги осудувам вчерашните cкaндирaњa на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија

„Народот секогаш е во право!“
Вака градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски го почнува својот статус на фејбук во врска со синоќешното скандирање на граѓаните додека се пееше официјалната химна на Република Бугарија пред почетокот на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија.
„За разлика од многу мои колеги јас НЕ ги осудувам вчерашните скандирања на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, напротив тоа е реалната слика.
Народот реагира затоа што изминатиот период е манипулиран и потценуван од страна на нашите политичари од актуелната власт и од опозицијата.
Не, колеги политичари, не е народот грешка, народот постапува според своите емоции и чувства и не е тој виновен туку може да се виновни само оние кои го водат.
Затоа јас ги поддржувам граѓаните и нивниот искрен емоционален, национален крик.
Да живее Македонија, глава горе македонци!“, напиша Јакимовски
После вчерашниот натпревар многумина политичари, новинари и јавни личности се јавија со свои коментари, во кои повеќето од нив го осудија однесувањето на публиката.  Со свој став се јави и новинарот Бранко Геровски каде со наслов: „Денеска главите доле,  синоќа се посрамотивме“, ја започнува својата колумна во која вели:

„Омраза секогаш е плод на најниски страсти. Луѓето ги мразат оние коишто кај нив го побудуваат чувството на помала вредност. Затоа говорот на омраза, всушност, е многу повеќе проблем на тој што мрази одошто на тој што го мразат.

Ме разочара недоличното поведение на навивачите на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија. Да се случеше тоа во Софија, ќе одмолчев. Но тука, во Скопје, каде што традиционално сме добри домаќини за сите добронамерници, посакувував публиката да демонстрира спортски дух, а победникот да го испрати со аплауз од трибините.“

Од трибините со слика се јави и поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, кој заедно со премиерот Ковачевски и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ ги бодреа македонските фудбалери.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *