Чуда се случуваат: Парламентот на Лихтенштајн расправаше за осигурување од земјотрес и ги затресе – земјотрес (видео)

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во парламентот на Лихтенштајн во време на расправа за потребата од воведување задолжително осигурување од земјотреси, пишува Euronews.

Видеото објавено од Лангтаг, од парламентот на Лихтенштајн, покажува дека пратениците почувствуваа два потреси за неколку секунди.

Бетина Пецолд-Маер, пратеничката зад спикерот, се насмеа на првиот потрес, додека по вториот посилен потрес, претседателот на парламентот Алберт Фрик привремено ја прекина седницата и ги евакуираше пратениците.

Полицијата во Лихтенштајн објави дека примила „голем број повици од загрижени граѓани“, но засега се чини дека нема повредени или материјална штета.

Првиот земјотрес беше со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала, а вториот 3,9 степени.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 19 километри јужно од австрискиот град Дорнбирн, а бил почувствуван и во делови од Швајцарија и во јужните германски покраини Баварија и Баден-Виртемберг.

Погледнете го моментот на земјотресот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *