Сè што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да забележите дали спиралите се движат и, ако да, со која брзина.
Мислите дека сте целосно мирни и без стрес? Па, оваа нова оптичка илузија е дизајнирана да ги стави на тест вашиот ум и очи, пишува The Sun.
Оптичката илузија е дизајнирана да покаже колку сте навистина под стрес.
Сè што треба да направите е да ја погледнете илустрацијата и да забележите дали спиралите се движат и, ако да, со која брзина.


Ова се најпознатите оптички илузии кои навистина ќе ве збунат!



Ако ги набљудувате спиралите долго време и тие остануваат неподвижни, ова е добар знак бидејќи покажува дека сте многу мирни и опуштени.
Но, ако ви се чини дека полека се вртат, тоа е сигнал дека сте уморни и ви треба пауза. А секако најлошо е кога се вртат со голема брзина, бидејќи тоа укажува дека сте под екстремно голем стрес и се препорачува да се консултирате со лекар.
Откако вашите очи ќе се прилагодат на движењето на спиралата, се чини дека статичната слика или се намалува или расте во спротивна насока. Се вели дека гледањето на овој вид спирална слика може дури и да влијае на вашата способност да читате зборови некое време потоа, бидејќи тие можат привремено да скокаат пред вашите очи.