На социјалните мрежи кружи селфи фотографија од неколку затвореници кои позираат со Боки во една од ќелиите, пишува српски Еспресо.
Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, е осуден на девет години затвор за перење пари и случајот „Рекет“, а сега се појави нова фотографија од затвор.
На социјалните мрежи кружи селфи фотографија од неколку затвореници кои позираат со Боки во една од ќелиите.
Инаку, ова е вистинската фотографија на Боки од април годинава, кога се појави во јавноста, односно на суд за да биде осуден на правосилна казна.
Боки е речиси непрепознатлив, но и во затвор се грижи за својот изглед, а за разлика од другите затвореници е дотеран, со капа и очила на главата.
Како што може да се заклучи, фотографијата е направена во ќелијата во која наводно лежи Боки, а на масата сред соба има торта, што значи дека тие нешто славеле.
Погледнете како изгледа/ше Боки во галеријата подолу: